Како засекогаш да ги оставите цигарите?

Како засекогаш да ги оставите цигарите?

Доколку некогаш сте се обиделе да ги оставите цигарите, јасно ви е дека тоа не е воопшто лесна задача. Се чувствувате разочарано, имате вртоглавица, не можете да се концентрирате, ниту да спиете, сé ве иритира и копнеете да вовлечете уште барем еден дим. И покрај тоа што ви изгледа дека нескротливата желба за пушење цигари ќе ве надвладее колку и да се борите, верувајте дека со добар план можете да успеете да ја победите.

Како засекогаш да ги оставите цигарите?

Справете се со физичката зависност

Во првите 24 до 48 часа од откажувањето, вашето тело се обидува да се одвикне од внесувањето никотин во организмот. Никотинските замени како што се фластерите, мастиките, носниот спреј, таблетките за лижење и инхалаторот, можат да ви помогнат да излезете на крај со вашата потреба за цигара. Препишаните лекови од доктор, bupropion и varenicline, исто така можат многу да помогнат.

Бидете подготвени за вториот бран

После првите неколку недели, намалувањето на потребата за повторно палење цигара е поврзано со секојдневните ритуали на пушење. Тоа значи дека треба да ги промените ситуациите во кои најчесто ви доаѓа желба да испушите некоја цигара. Јадете го вашиот појадок на друго место во вашиот дом, прошетајте наместо да правите кафе пауза (со цигара) и возете се по друг пат од вообичаено кога одете накај училиште, факултет или работа.

Фрлете ги резервите на цигари и пепелниците

Чувањето цигари во близина „за секој случај“ испраќа сигнали до вашата потсвест дека нема да успеете да престанете со пушење. Воедно, многу е поверојатно, кога настапуваат кризи да запалите цигара доколку имате при рака, отколку ако морате да oдите до продавница и да купите.

2-kako-zasekogash-da-gi-ostavite-cigarite-kafepauza.mk

Избегнувајте ситуации во кои постои опасност да паднете во искушение

Поминувањето време на места каде што најчесто сте имале обичај да пушите цигара, ќе ви ја разбуди желбата да запалите нова. После извесен период можеби ќе можете да поднесете да седите во барови каде што се пуши или да излегувате на „пуш-пауза“ со вашите колеги-пушачи. Во меѓувреме, држете се подалеку од места кои ве потсетуваат на вашата лоша навика, која сакате да ја надминете.

Свртете го вниманието на нешто друго

Кога потребата за барем еден дим ќе ве нападне, јавете се на пријател, излезете од собата, свртете круг во маало, медитирајте, молете се, грицкајте цевче за сок или што било друго кое ќе ви ја тргне мислата од глава. Големата потреба за цигара најчесто не трае повеќе од 10 до 15 минути и се намалува нејзиниот интензитет и зачестеноста, како што одминуваат месеците.

Избегнувајте да рационализирате

Кога сте под стрес и мислите дека ќе потклекнете на потребата која ви се заканува, избегнувајте да се тешите со мисли како: „Ќе испушам уште само една“ или „Од утре не пушам“. Ако тоа е случај, на еден лист запишете ги сите вакви мисли и сфатете ги како трикови на вашиот мозок, кои се обидуваат да ве намамат повторно да пропушите.

3-kako-zasekogash-da-gi-ostavite-cigarite-kafepauza.mk

Потсетете се зошто го правите ова

Напишете 5 причини зошто сакате да се откажете од пушењето, како на пример поради штетноста по здравјето, бидејќи на вашето семејство му пречи димот или затоа што секојдневно трошите пари за уште една кутија отров. Ставете си го ливчето во паричникот, залепете дупликат на фрижидерот и секаде каде што би го препрочитале, кога ќе ви надојде потребата за никотин.

Помирете се со евентуалното „слизнување“

Ако во тој период на откажување еднаш ви се случи да не издржите и запалите цигара – не грижете се, не е трагедија. Но тоа не значи дека можете да запалите и втора и трета, па таа грешка да ви стане изговор за повторно пропушување.  Луѓето кои се откажале и никогаш повторно не пропушеле, напорно работеле на случајот. Вашата цел е да останете без никотин во вашата крв подолг период, но треба да се соочите со евентуалното „слизнување“ од правилата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар