Како во текот на 2016 година да најдете вистинска љубов, каква што навистина заслужувате?

Како во текот на 2016 година да најдете вистинска љубов, каква што навистина заслужувате?

Годините поминуваат, а вам сè уште не ви се пружила шанса да започнете со нешто кое барем малку наликува на љубовна врска? Не грижете се, сè што треба е да ги избришете негативните мисли и уверувања од својот живот и да почнете да ги следите овие мали совети со цел конечно оваа година да ја привлечете љубовта на вашиот живот.

Како во текот на 2016 година да најдете вистинска љубов, каква што навистина заслужувате?

Составете листа од љубовни приоритети

Ако работата, пријателите или хобито се вашите приоритети, тогаш постојат големи шанси дека повторно ќе ја пропуштите вашата сродна душа. Отворете го вашето срце и дозволете си да бидете среќни. Ако сакате да добиете љубов, вие мора да бидете спремни и да ја дадете. Не можете да очекувате некој да ви го даде целото свое внимание ако вие за возврат не го дадете истото. Време е да им дадете до знаење на луѓето дека се грижите за нив, а себеси да си овозможите шанса вистински да запознаете некој.

Потрудете се

Врските не вклучуваат само цвеќиња, слатки, ресторани, важни датуми, бакнежи и секс. Изградбата на долгорочниот однос бара малку повеќе време, труд и посветеност. Вистинската љубов е хаос од сите видови емоции. Токму затоа и двата партнера мора да научат како заедно да се носат со овие емоции. Ако еден од вас не е заинтересиран, тогаш вашиот однос нема иднина. Разговарајте искрено и вложете се целосно во изградбата на врската.

Истражувајте го светот

Ако сакате да го пронајдете вашиот животен партнер, тогаш не треба постојано да седите дома и да чекате тој да тропне на вашата врата. Едноставно излезете надвор и барајте сè додека не го најдете. Можеби ќе биде потребно да излезете од вашата удобна зона или да правите нешта кои никогаш претходно не сте ги направиле, но на крајот ќе сфатите дека сè се исплатело. Никогаш не можете да знаете што би научиле или кого би запознале.

Заљубете се во себе

Немојте да чекате нештата во вашиот живот совршено да се наредат, па дури потоа да се засакате себеси. Вие треба да се цените и сакате дури и во оние моменти кога немате партнер, добра работа или посакуваната телесна тежина. Единствено така можете да ги промените нештата во својот живот од кои не сте задоволни. И само така ќе научите да ги сакате и другите, дури и покрај нивните несовршености.

Ослободете се од стравот од одбивање

Стравот од одбивање може да ве спречи при пронаоѓањето на вашата љубов. Најважно е да сфатите дека сите луѓе во својот живот се соочуваат со одбивање. Доколку тоа се случи не е крај на светот, баш напротив, вие од оваа ситуација ќе излезете посамоуверени и помоќни. Само бидете упорни и брзо ќе го совладате вашиот страв. Можете да го скршите мразот така што ќе се обидете да најдете состанок онлајн, пред да преминете со запознавање во реалноста.

Не очекувајте премногу од првиот состанок

На првиот состанок не можете да правите големи животни планови, како што се бракот и децата. Личноста која седи спроти вас можеби не е онаа која вам ви е потребна, па затоа и треба да си дадете малку време за прво да ја запознаете, а потоа да почнете да ја планирате вашата заедничка иднина. Дури и да сте со погрешната личност, не се откажувајте и продолжете да барате сè додека не ја најдете вашата сродна душа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар