Како влијаат сончевите зраци на нашата кожа и тело?

Како влијаат сончевите зраци на нашата кожа и тело?

Кој не го сака сонцето? Тоа со своето присуство го подобрува нашето расположение и прави секој човек да изгледа поубаво. Но, исто така може да предизвика и многу штета, доколку не сме внимателни. Иако голем број луѓе внимаваат и на плажа постојано нанесуваат крема за сончање, има и такви кои понесени од желбата да фатат што е можно подобар тен, забораваат да нанесат или воопшто не користат средства за заштита на кожата.

(1) Како влијаат сончевите зраци врз нашата кожа и тело?

Ако и вие сте дел од втората група, читајте внимателно: Иако многумина од нас веќе се запознаени со фактот дека сонцето може штетно да влијае врз нашата кожа, малкумина знаат во колкава мера може да биде таа штета. Според едно истражување од 2013 година објавено во медицинското списание „Clinical, Cosmetic And Investigational Dermatology“, УВ зраците предизвикуваат дури 80% од видливите брчки на кожата. Постојат многу митови и недоразбирања околу нашата безбедност при изложувањето на сончевите зраци и што сè треба да направиме за да се заштитиме од нив. На пример, нема докажани придобивки од кремата со фактор за заштита поголем од 30. Исто така, малкумина знаат дека сончевите зраци не ја оштетуваат нашата кожа единствено кога сме одлучиле да се сончаме на плажа, без притоа да користиме соодветни креми, туку тоа може да се случи и додека сме на пауза за ручек. По 20-минутна изложеност на сонце без соодветна заштита, кожата веќе е на ризик УВ зраците.

(2) Како влијаат сончевите зраци врз нашата кожа и тело?

Но, овие зраци не ја оштетуваат единствено нашата кожа, туку тие имаат влијание врз речиси секој дел од нашето тело, како позитивно, така и негативно. На пример, витаминот Д, што го содржат УВ зраците, може да го намали нивото на холестерол и да им даде цврстина на нашите коски. Тоа создава ендорфин, поради што се чувствуваме посреќни во сончевите денови. Но, истовремено, ако не внимаваме, може да доведе до дехидрација на нашите бубрези и да предизвика создавање камења во еден подолг временски период.

Погледнете го видеото каде е прикажано како сончевите зраци влијаат врз целиот наш организам и не заборавајте уште веднаш да се заштитите, без разлика каде се наоѓате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар