Како ви штети самосожалувањето и ви ја одзема моќта?

Како ви штети самосожалувањето и ви ја одзема моќта?

Една од најважните карактеристики што ги прави луѓето ментално силни е нивната самоконтрола во која било ситуација. Овде не станува збор за недостаток од страв, туку за знаење како да се соочат со тој страв.

Како ви штети самосожалувањето и како ви ја одзема моќта?

Овие луѓе можат да се справат и со најстресните ситуации, а токму поради тоа се разликуваат од другите. Тие се во состојба да откријат кои нешта им ја намалуваат самопочитта и ги отстрануваат пред да бидат победени од нив.

Група истражувачи интервјуирале 10 ментално силни луѓе и откриле дека сите делат слично мислење – самосожалувањето го уништува животот. Всушност, ова може да биде најдеструктивната навика што ве прави немоќни и неспособни да се справите и со најмалите пречки на патот.

Ментално силните луѓе го препознаваат самосожалувањето и веднаш го спречуваат. Тие се свесни дека тоа е битка што ќе ја изгубат уште пред да започне. Па, погледнете како оваа навика му штети на вашиот карактер и ви ја одзема моќта.

1. Самосожалувањето го поттикнува таложењето на негативности

Животот е циклус од победи и неуспеси. Учите од неуспесите, а стекнувате самодоверба од успесите. Ако не ги гледате работите на овој начин, ќе заклучите дека животот е битка во која секогаш треба да добивате. Кога нема да победите, ќе мислите дека нешто не е во ред со вас.

Ако не го препознавате овој мисловен процес, си наштетувате себеси и го уништувате вашиот свет. Тогаш почнува и да се таложи негативноста. Недостигот од самопочитување може да ја намали вашата енергетска вибрација. Кога другите ќе почувствуваат дека имате ниска вибрација, ќе почнат да се држат подалеку од вас, а вие ќе станете уште поизолирани.

2. Самосожалувањето ви ја уништува продуктивноста

Кога самосожалувањето ја уништува самопочитта, почнува да страда и вашата продуктивност. Оваа состојба најверојатно ќе ве направи апатични. Со тоа ќе настанат проблеми на работното место кои сигурно ќе ги однесете и дома и ќе ги раширите низ саканите личности.

Најлошо од сè е што ќе ви недостига мотивација да преземете нешто во врска со проблемите. Тогаш повторно се појавува апатија и повторно почнувате да се сожалувате, па уште толку ја уништувате вашата продуктивност.

Најдобриот начин да излезете од овој циклус е да го спречите самосожалувањето уште пред да настане. Друга опција е веднаш да преземете одговорност и да се присилите да направите нешто.

3. Самосожалувањето ја блокира способноста за учење

Можете да ги искористите грешките во ваша корист и да ги согледате можностите за учење и созревање. Самосожалувањето не ви дозволува да ги гледате грешките на овој начин. Наместо тоа, веројатно ќе окривувате други за вашите тешкотии со кои сте се соочиле кога сте му се препуштиле на самосожалувањето.

Ментално силните луѓе секогаш ја гледаат посветлата страна на животот, дури и кога се чувствуваат лошо. Чувствуваат кога нивната болка ќе се намали и бараат простор за созревање. Да бидете ментално силни не значи никогаш да не грешите. Потребно е да се соочите со вашите неуспеси и да ги искористите како предност.

Прочитајте ги и вистините што ги знаат само ментално силните луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар