Како ви се допаѓа? Оваа пунџа стана нов тренд на Инстаграм!
Сите девојки коишто имаат долга коса, знаат што ги очекува кога ќе се разбудат. Колку и таа да биде негувана и убава, утрото само по себе бара малку нега, но и стилизирање на косата. Затоа сите ние посакуваме да откриеме некоја лесна и едноставна фризура која нема да ни одзема многу време за да ја направиме.
Овој пат, судејќи по Инстаграм фотографиите, девојките успеаја во тоа! Всушност, дамите ширум светот полудеа за новата разбушавена пунџа, која се прави на темето од главата и многу е слична на фризурите кои ги носевме кога бевме деца.
За да ја направите потребни ви се само неколку минути, а резултатите се одлични – ќе изгледате така смело и женствено. Оваа фризура најубаво изгледа на омбре или шатирана коса. Исто така постојат разни варијации на оваа фризура, а девојките признаа дека најмногу им се допаѓа пунџата со вметнати плетенки.
Оваа фризура се прави така што ќе заврзете високо опавче, а потоа ќе го свиткате како пунџа. Внимание: таа мора да биде разбушавена, па затоа опуштете ги прстите!