Како вашите стари штикли повторно да заблескаат?
Чевли со блескаво дно
Потребно е:
- Четка за сликање
- Лепило
- Светки
- Леплива трака
Начин на изработка:
Залепете ја траката на ѓонот во V-форма, како што е прикажано на сликата. Нанесете лепило со четка, потоа одозгора протресете светки и истресете го вишокот над лавабо. Внимавајте кај рабовите да не ви отпаднат многу светки, зошто ќе изгледа лошо. Откако ќе се исуши лепилото, нанесете уште еден слој лепило и светки. Направете го истото и на внатрешната страна од штиклата. Повторете ја постапката на другиот чевел. Откако ќе се исушат, потчукнете ги за да отпаднат светките кои не се залепиле. Со влажна крпа поминете ги рабовите за да се дефинираат линиите, а со селотејп отстранете ги светките од местата каде што не припаѓаат.
Ммм интересно и многу креативно :))
ќе се проба ..