Како вашиот пристап ја дефинира љубовната врска? - Part 4

Како вашиот пристап ја дефинира љубовната врска?

6. Песимисти

Можеби се свесни дека постојат убави нешта во светот, само што никогаш не им се случуваат ним. Тие се убедени дека се вистински баксузи и дека среќата не им е најдобра пријателка. Заземаат негативен став кон врските како и кон сè што ги опкружува. Цврсто веруваат дека никогаш нема вистински да им се погоди во љубовта, или тој/таа којшто го/ја сакаат нема да ги сака доволно или ќе биде обратното.

Главна цел: Самосожалување и потрага по некој кој е целосна спротивност од нив.

Какви партнери ќе привлечат? Ќе им годи друштво на позитивци кои ќе им го разведрат секојдневието, но најверојатно ќе привлечат некој уште поголем песимист.

Возможен исход: Бидејќи песимистот е убеден дека сè му оди на лево, самиот се насочува кон неуспех на многу полиња, а љубовта не е исклучок. Личноста со која е во врска може да се умори од постојаните поплаки, обвинувања за сè околу него/неа и константните негативни гледишта на светот како и теоријата дека сè „заминало по ѓаволите“.

7. Интересно додека е ново

Ја сакаат возбудата која доаѓа со новите врски или авантури и ги исполнува тоа што умеат да го задоволат партнерот. Тие се возбудливи, адреналисти и добри љубовници. Интересно им е кога имаат некого на мета, најчесто некој кој не можат лесно да го освојат.

Главна цел: Забава, но без обврски.

Какви партнери ќе привлечат? Од една страна некогаш освојуваат лесен плен, а некогаш се стремат кон личност која изгледа недостижна. Најчесто „ловат“ личности со проблематично и болно минато кога станува збор за љубовните врски.

Возможен исход: Интересна, возбудлива и страсна врска. Но овие личности нема да останат мирни. Секогаш ќе се стремат кон нова авантура и нова цел. Најчесто се дефинирани како женкари или промискуитетни личности.

Доколку не сакате веќе да ве доживуваат како несериозна личност, тогаш контролирајте ја таа ваша опсесивна желба за забава. Запознавајте ги луѓето пред да свртите на авантура, па да преминете на следната „дестинација“. Можеби е корисно да размислите до кога би оделе според истата шема. За почеток целете кон запознавање на личноста и не алудирајте на авантура.

Како им пристапувате на љубовните врски и зошто многу нешта зависат од вашиот пристап?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар