Како вашиот пристап ја дефинира љубовната врска?
2. Центар на внимание
Сакаат да бидат во центарот на вниманието додека нивниот партнер стои во позадина и ги поддржува. Тие се во центарот на збиднувањата, а нивните партнери треба да бидат добра публика и верни обожаватели. Верувајќи дека се способни, снаодливи и претставителни, очекуваат од нивниот партнер неизмерно да ги поддржува, љуби и цени поради тоа што се просто неверојатни. Ваквиот пристап кон љубовните врски можеби резултирал поради период од животот кој овие личности го минале во сенка, па сега сакаат да се чувствуваат доволно важни и способни.
Главна цел: Да бидат сфатени, љубени и ценети поради тоа што се.
Какви партнери ќе привлечат? Срамежливи и несигурни кои со задоволство би дозволиле некој друг да е во центарот на вниманието, личности на кои им годи да бидат пасивни. На средби со пријателите не би влегувале во конфликти и не се чувствуваат пријатно да го изложат своето мислење. Тие би биле тивки додека партнерот ја има главната улога.
Возможен исход: Иако најчесто станува збор за личности кои најмногу се љубат себеси, тие не секогаш се его-манијаци. Нивниот партнер може со тек на време да се почувствува отфрлен.
Доколку согледувате дека вашата желба за искажување на својата вредност во врската е голема, тогаш време е да престанете да го загрозувате партнерот, а со тоа и вашата врска. Со задоволство истапете тогаш кога вашиот партнер се чувствува непријатно, но дајте му до знаење дека и тој/таа вреди.
3. Освојувачи
Тие имаат желба да го убедат партнерот дека се способни да ги имаат нештата во своја контрола. Можеби не се опседнати со контрола, но попријатно им е на „возачкото седиште“. Отворени се за предлози и слушање на идеите на нивниот партнер, но на крај тие ги донесуваат финалните одлуки. Сакаат кавги. Умеат да надзборуваат и да дадат аргументи.
Главна цел: Доминација и имање на главната улога.
Какви партнери ќе привлечат? Луѓе кои не знаат да речат „не“. Нивниот партнер ќе ги гледа како поспособни и попаметни, некогаш чувствувајќи се како да не припаѓа во нивниот свет. Но бидејќи се поставуваат супериорно, партнерот секогаш ќе гледа да ги задоволи нивните гледишта и да докаже дека им е достоен.
Возможен исход: Доколку се поставите во врската како диктатори може да ве измори анксиозноста и вашата главна улога во тимот. Може да ви здодее вашиот партнер кој ќе почнете да го гледате како личност без свое јас и со ниско мислење за себеси. Неретко ваквата врска завршува поради недостаток на страст и емоции.
Лицата кои вака им пристапуваат на врските, може да избувнат без некоја посебна причина или некогаш дури и несвесно да ги гледаат своите партнери надмено. Всушност станува збор за прекрасни личности кои најверојатно имаат талент кој ги истакнува од толпата. Но често директно или суптилно ќе му наметнат на партнерот дека не се труди да ги задоволи онолку колку што заслужуваат.