Како успешните луѓе се справуваат со токсичните личности?

Како успешните луѓе се справуваат со токсичните личности?

Меѓу нашите пријатели, колеги и познаници, неретко има и токсични личности. Тоа се оние кои негативно влијаат на вас и на вашето расположение, секогаш стремејќи се да бидат во центарот на вниманието и да се докажат себеси, оставајќи ги сите други настрана како не толку важни. Иако нивното однесување е речиси неподносливо, овие луѓе се неизбежни, ќе ги сретнете сакале или не. Но, еве како успешните личности правилно се справуваат со токсичните пријатели, познаници или колеги.

Како успешните луѓе се справуваат со токсичните личности?

Тие поставуваат граници

Токсичните луѓе ќе ве вовлечат во нивниот мал и себичен свет, правејќи ве дел од нивните проблеми и ќе направат да ги доживеете како свои. Тие не ни сакаат да најдат решение за „проблемот“ бидејќи така ќе можат подолго да се сожалуваат себеси или да зборуваат за себе. Успешните луѓе се борат со ова така што поставуваат граници. Да, тие ќе ги сослушаат токсичните личности за да не бидат груби и непријателски настроени, но постои граница после која нема да им дозволат да продолжат да ги вовлекуваат во нивниот свет.

Не очекуваат дека таквите луѓе некогаш ќе се променат

Тие не ја насочуваат својата енергија пробувајќи да ги променат овие личности, ниту пак очекуваат дека можат да влијаат на нивното размислување. Тие едноставно ги оставаат да бидат такви какви што се, без да си трошат време очекувајќи некој да се промени преку ноќ.

Не се впуштаат во кавга

Успешните личности умешно ги одбираат „битките“ кои ги водат. Обидувајќи се да му докажеш нешто на некој кој е упорно опседнат со себе и своите ставови е како удирање со главата во ѕид. Иако имаат многу аргументи, тие својата енергија ќе ја насочат кон нешто попаметно.

Не дозволуваат други да влијаат на нивната среќа

Успешните личности се господари на сопствената среќа, па така нема да дозволат некој друг да им ја скрати среќата. Туѓите мислења или постапки нема да им го расипат убавиот ден.

Не забораваат

Бидејќи секој прави грешки, успешните личности не забораваат како во минатото дозволиле да бидат изманипулирани од токсични луѓе. Поради таа лекција во иднина нема да си дозволат таков непотребен луксуз.

Имаат развиено свој систем на одбрана

Бидејќи токсичните личности ги има насекаде, па колку и да сакате да се дистанцирате ќе начекате таков во некоја прилика, успешните луѓе имаат развиено одбранбен систем. Тоа може да биде пренасочување на мислите, игнорирање на личноста и слично, но токму тоа ќе го применат кога повторно ќе се најдат во друштво на таква личност.

Се фокусираат на решението наместо на проблемот

Бидејќи токсичните личности упорно го потенцираат својот проблем за да бидат во центарот на вниманието и да направат драма, успешните личности намерно се насочуваат кон решението. Лесно и ненаметливо ќе им го презентираат решението и ќе ја намалат драмата и тензијата за да не останат заробеници на нечија негативност.

Тие се свесни за своите добри страни

Свесни се за своите квалитети, добри но и лоши страни, за своите успеси и за својот живот општо. Тие имаат реална слика за себе и токму затоа остануваат имуни на токсичните луѓе. Што сака нека зборува тој/таа, јас знам кој/а сум.

Никогаш не се поставуваат како жртва

Токсичните личности играат по свои правила, па на вас останува дали ќе се поставите како жртва или не. Може да им се покорите или да се издигнете над нивната негативност и да излезете како победници.

Не осудуваат

Свесни се дека секој има лоши и добри страни. Не сакаат да стекнат навика на осудување, едноставно е, секој нека си го живее животот како што сака. И ним им сметаат токсичните луѓе, но нема да ги слушнете како зборуваат лошо за нив. Успешните луѓе се фокусираат на сочувство, простување, разбирање и почит.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар