Како успешните личности наоѓаат мотивација во лоши услови?

Како успешните личности наоѓаат мотивација во лоши услови?

„Во средината на секоја потешкотија лежи можност.“ – Алберт Ајнштајн

Дали мислите дека успешните луѓе едноставно имаат добра среќа? Или можеби пијат некаков магичен напиток кој секогаш ги носи до целта? Мислите ли дека не се соочуваат со тешки моменти и лоши периоди? Не, секој од нас може да се најде во лоши услови кои изгледаат непобедливи.

Како успешните личности наоѓаат мотивација во лоши услови?

Но еве што прават успешните луѓе за да си ја вратат мотивацијата во тешките моменти:

1. Се потсетуваат на среќните денови

Се потсетуваат на убавите моменти и на деновите кои минале по зацртаниот план. Наместо да се фокусираат на негативното, ќе помислат на нешто многу добро од минатото и ќе си ја вратат надежта за нови подвизи, знаејќи дека можат да победат сè што ќе им излезе на патот.

2. Не очекуваат промената да им падне од небо

Посакуваниот исход не доаѓа така лесно и за одредени нешта во животот мора да се вложи голем труд. Тие се свесни дека патот до успехот е тежок и дека бара искачување по едно скалило секој ден, што значи дека треба трпение и напорна работа. Знаат дека промената на околностите не доаѓа сама туку дека самите се должни да го променат она што не им годи.

3. Секогаш се упорни

Се потсетуваат дека ја сакаат упорноста и пробувањето одново и одново, а некогаш и сосем од почеток. Знаат дека тоа им годи бидејќи имаат можност да го дадат најдоброто од себе.

4. Свесни се дека подобро е да се согласат на дисциплина отколку да се соочат со неуспех

Да, навистина може да биде тешко да се одржува дисциплина во работата, особено во тешки услови. Дисциплината бара голем напор и пожртвуваност. Но тоа не е ништо во споредба со она со кое ќе треба да се соочат при неуспех.

5. Не се плашат да побараат помош

Свесни се дека некогаш е сосем во ред да се признае дека минуваш низ тежок период, и затоа ќе се обратат кај некој близок и ќе побараат помош, совет и поддршка.

6. Се наградуваат себеси

Го слават секој свој успех, без разлика дали е голем или мал.

Како успешните личности наоѓаат мотивација во лоши услови?

7. Не се плашат да го променат текот на работите

Ништо не е статично и работите се менуваат. Доколку чувствуваат дека треба да преземат различен подвиг или да променат некои нешта, ќе преземат ризик и ќе го сторат токму тоа. Некогаш едноставно можеби ви е потребна мала промена или нова стратегија, и тоа не е воопшто страшно. Промените не се опасни по живот.

8. Никогаш не се статични

Нема да останат заглавени на едно место. Успешните луѓе секогаш се динамични, дури и кога навидум ништо не оди како што треба.

9. Секогаш наоѓаат нешто забавно

Дури и кога работите ќе тргнат надолу, секогаш има позитивна страна и тие секогаш ќе ја пронајдат. Во моменти кога ни најмалку не очекувате, може да најдете нешто забавно и интересно што ќе ве мотивира да продолжите понатаму.

10. Имаат цврст карактер и свои принципи на работа

Јас не се откажувам без оглед на сè – кога еднаш ќе се уверите во тоа дека вашиот начин на работа е упорност, труд и цврстина, ништо нема да ве запре.

11. Се поврзуваат со сопствените цели

Не сонуваат напразно и на нештата кон кои целат им даваат свое лично обележје. Кога на некој начин интимно ќе се поврзете со она што го сакате, нема да ви изгледа толку недостижно.

12. Не се изненадени од лошите услови

Секогаш се свени дека може да налетаат на негативна средина, на луѓе кои ќе влијаат негативно на нив, или на услови кои не им се пожелни. Едноставно ќе речат „сум пребродел јас и полошо од ова“ и ќе се фатат за работа.

13. Умеат повторно да го сонуваат својот сон

Некогаш сонувавте дека ќе станете успешни менаџери или писатели? Пред да кренат раце од својата замисла, успешните личности ќе се обидат повторно да го сонуваат истиот сон, што значи дека нема да се откажат така лесно. Животот секогаш дава нова шанса, но ако вие ја затворите вратата, таа можност нема да стигне до вас.

Како успешните личности наоѓаат мотивација во лоши услови?

14. Секогаш имаат добри врски

Кога и да погледнат зад себе ќе ги видат своите пријатели или семејството. Всушност, успехот на успешните луѓе се темели на поддршка од најблиските, затоа никогаш не ги отфрлајте луѓето од вашите животи.

15. Свесни се дека постојат и други кои исто така се борат

Никогаш не сте сами во ниедна „каша“. Постојат многумина кои исто така пробуваат да излезат на крај со нешто. Кога ќе помислите на тоа дека не сте сами, веднаш добивате елан за работа.

16. Никогаш не престануваат да учат

Луѓето учат додека се живи. Никогаш нема да речат дека знаат сè што им е потребно и никогаш нема да се постават надмени над другите. Тие се свесни дека може да научат многу работи буквално од секого и затоа се отворени за нови знаења.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар