Како треба да се облекуваат слабите мажи?
Облекувањето според формата на телото е една од вештините која мажите ја потценуваат и не се трудат да ја научат. Водечкиот принцип зад оваа вештина е да се истакнат добрите страни, а да се сокријат недостатоците. За слабите мажи, целта е да додадат малку длабочина на витката конструкција на телото и малку ширина која ќе помогне да не изгледаат како да пливаат во нивната облека, туку како возрасни мажи кои знаат како да се носат.
Спортско сако
Пронајдете спортско сако со минимална постава во пределот на рамениците. Додавајќи потполнки на рамениците, сакото ќе личи како да виси на вас и целосно ќе го привлекува вниманието на тој дел од вашето тело. Бидете сигурни дека сакото ви одговара и дека одлично се вклопува од рамениците до половината.
Панталони
Иако тесните фармерки и панталони навидум го зазедоа светот на модата, во вашиот случај, ова не треба да го практикувате. Обидете се да носите панталони и фармерки кои делуваат уредно, во стилот на класични „Levi’s 501’s“.
Маици, блузи и кошули
Само затоа што сте слаби, не значи дека треба максимално да го истакнувате тоа. Купувајте тенки маици, кошули и блузи, но внимавајте тие да не бидат толку млитави, па да личат како да се држат за вашето тело. Важно е тие да ви го истакнат телото без да го пренагласат. Во постудените денови, слабите мажи кои сакаат да ја следат модата можат да практикуваат облекување во слоеви, комбинирајќи парчиња облека за да им биде потопло. Доколку ова се прави успешно резултатите се фантастични.
Општи совети
Слабите мажи можат да се извлечат многу полесно за да изгледаат добро, но треба да внимаваат затоа што тенките парчиња облека можат да го зголемат ризикот тие да изгледаат многу послаби отошто се. Но, витките мажи ја имаат можноста да експериментираат со облекувањето во слоеви, кое не само што е одлично за променливата клима, туку максимално ги зголемува модните можности.
Брзи совети
- Избегнувајте непријатни кроеви кои изгледаат премногу накитено и масивно на вашата конструкција.
- Купувајте облека која се вклопува со вашето тело, но да не е премногу прилепена.
- Облекувајте се во парчиња облека, која додава ширина и длабочина во пределот за кој мислите дека ви е потребно.
- Избегнувајте шаблони и бои кои ви го издолжуваат телото.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
А од кога сите станавме модни експерти?