Како се користат менструалните чашки?
Менструалните чашки станаа многу популарни. Но, тоа што се достапни и жените зборуваат за нив не значи и дека сите се чувствуваат доволно удобно за воопшто да се обидат да ги користат. Признаваме, овој нов изум е необичен, па сосема е нормално што имате прашања за неговата употреба. Ќе ја собере? Колку често треба да се вади? Што треба да правам кога треба да одам во веце? Ова се веројатно само дел од прашањата кои ве збунуваат.
Во продолжение следува кус водич визуелизиран со детални гифови.
1. Да, ќе ја собере. Притиснете ја и завиткајте ја како бурито.
Ако сте користеле тампони, самиот дијаметар на менструалната чашка веројатно ќе ве исплаши и ќе ве натера да ѝ кажете „Не!“ Но, сѐ што треба да направите за почеток е да ја притиснете чашката во средината и да ги здиплите страните. Сега изгледа подобро, нели!?
2. Потоа, пикнете ја бавно и нежно и почекајте да се отвори.
Со чисти раце, отворете ги усните на вагината и почнете полека да ја внесувате чашката внатре. Штом влезе, пикнете ја подлабоко, на истиот начин како што би користеле тампон. Чашката ќе се отвори внатре и веќе можете слободно да заборавите на неа во следните 12 часа.
3. Веројатно ќе треба да ја поднаместите после одење во тоалет.
Сосема е нормално ако ви е потребно повеќе време за мокрење со менструалната чашка, а по одење по голема нужда, таа може малку да се извлече нанадвор. Ако се случи тоа, со чисти прсти пикнете ја повторно внатре додека не постигнете удобна положба.
4. За да ја извадите, само притиснете и повлечете.
Дајте напор како кога сте по голема нужда и чашката сама ќе се подизвлече од вашата вагина. Штом ја гледате чашката, нежно притиснете ја во долниот дел за да го ослободите вакуумот и извлечете ја. Не грижете се дека ќе направите хаос. Жените обично мислат дека крварат многу пообилно одошто е тоа случај, па голема е веројатноста дека менструалната чашка нема да биде ни блиску до полна кога ќе ја отстранувате. Секако, ова мора да го правите врз шолјата за да можете веднаш да ја испразните.
Ако имате дополнителни прашања околу постапката на ставање и вадење на менструалната чашка, ве советуваме да го погледнете видеото подолу.