Како самите да направите домашно млеко од лешници?

Како самите да направите домашно млеко од лешници?

Рецепт кој изобилува со витамините А и Е, како и со калиум и калциум

Како самите да направите домашно млеко од лешници?

Потребни состојки:
  • 125 грама лешници
  • 700 милилитри вода
  • 5 урми, исечкани
  • Прстофат сол
  • Ванила или кардамом, по желба
Начин на подготовка:

Иситнете ги лешниците и додајте ги во сад заедно со урмите и прелијте ги со топла вода. Оставете ги да отстојат неколку часа или најдобро цела вечер, а потоа додајте им сол заедно со преостанатите состојки и ставете ги во блендер.

Со двострук слој од газа, покријте една чинија така што газата ќе виси преку рабовите. Потоа, во средината сипете ја смесата и внимателно држете ги рабовите на газата, со цел ништо да не истече од страните. Со помош на вашите раце, исцедете најдобро со можете. Добиената течност е млекото од лешници кое е веднаш спремно за употреба. Остатокот од смесата во газата можете слободно да го искористите за подготовка на колачи.

Млекото подготвено на овој начин може да стои во фрижидер 3 до 4 денови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар