Како сами да го направите омилениот италијански класик за топлите, летни денови?
Ништо не ја отсликува „Италија“ како некои јадења и пијалаци. Освен уметноста и дизајнот, по што Италијанците се првенствено познати, гастрономијата е следната исклучително богата гранка во која се брилијантни. Како тие први да ги откриле сите подрачја на уживање. Така е и со пијалаците, особено оние летните. Во чест на летото, Италија и тоа прекрасно, лесно сончево чувство ви го претставуваме класичниот и култен Италијански коктел – Аперол Сприц (Aperol Spritz).
Овој омилен италијански коктел во текот на ова лето стана вистинско освежување и еден од најпопуларните пијалаци кои ги красат летните тераси на кафулињата, баровите и клубовите. Оваа освежувачка напивка е доста едноставна за подготовка, па нема да изгубите многу време на комбинирање различни состојки и видови пијалаци.
Потребни состојки:
- Пенливо вино
- Ликер Аперол
- Газирана вода
- Портокал, исечен на кругови, за декорација
Начин на подготовка:
Земете една чаша и ставете коцки мраз во неа. Потоа, наполнете ја 2/5 со ликер, па уште 3/5 со пенливо вино (шампањ), а количината на газираната вода адаптирајте ја според ваш вкус. Во коктелот потопете половина парче свеж портокал и измешајте со цевка.
Нискоалкохолниот ликер е составен дел на овој коктел, а и по кој тој го добил своето име. Ликерот е создаден во 1919 година во Падова, а го произвеле браќата Барбиери кои создале револуционерна идеја на аперитив со само 11% алкохол. Неговата популарност од година во година сѐ повеќе расте благодарение на неговата свежина, богат вкус и можноста за мешање со голем број други напивки.
После овие едноставни совети, ништо не може да ве спречи да уживате во оваа италијанска класика сами на балконот од вашиот дом или заедно со пријателите.
Но, доколку сакате ова лето да експериментирате со вкусовите, тогаш ние ви ги препорачуваме овие едноставни и освежителни летни коктели.