Како размислуваат жените кога ќе решат за прв пат да преспијат кај нивниот партнер?

Како размислуваат жените кога ќе решат за прв пат да преспијат кај нивниот партнер?

Првото преспивање кај партнерот претставува многу стресна одлука за жените. Мажите не се заморуваат многу со овие работи, но на жените им се мотаат милион работи во глава. Тие поминуваат низ низа психички и физички подготовки со цел ноќта да биде совршена и да не погрешат никаде. Тоа го сфаќаат како голем чекор за понатамошниот развој на врската и затоа толку многу се грижат дали сѐ ќе помине во најдобар ред. Дознајте како размислуваат жените кога ќе решат за прв пат да ја поминат ноќта кај нивниот партнер…

Како размислуваат жените кога ќе решат за прв пат да преспијат кај нивниот партнер?

1. „Какво значење има моето преспивање? Дали тоа значи дека нашата врска е сериозна или е безначаен детаљ?“ Кога жените ќе ја преспијат ноќта кај новиот дечко, веднаш се обидуваат да сфатат што значи тоа за врската. Дали тој им дозволува на сите девојки да ја поминат ноќта или само на онаа која навистина му значи? Ова се прашањата што многу ги измачуваат сите жени.

2. „Што ако ’рчи? Дали ќе можам да заспијам?“ Преспивањето значи дека ќе се запознаете со секојдневните навики на партнерот кои можеби нема многу да ви се допаднат. Една од нив е ’рчењето!

3. „Што ако јас ’рчам?“ Но, преспивањето значи дека и партнерот ќе ги дознае вашите не толку прекрасни навики, што можеби е и уште полошо.

4. „Дали тој знае дека треба да отиде во тоалет и да ги измие забите пред првиот утрински бакнеж?“ Не би сакале да дознаете дека вашиот маж од соништата има навистина лош здив рано наутро, се согласувате?

Како размислуваат жените кога ќе решат за прв пат да преспијат кај нивниот партнер?

5. „Дали ќе мисли дека сум луда ако јас го направам тоа?“ Од друга страна, пак, ненадејното станување од кревет за да се измијат забите може да делува чудно. И што потоа? Ќе се вратите назад во кревет како ништо да не се случило? Или сепак треба да останете во кревет и да се надевате дека здивот нема да ви биде толку лош?

6. „Дали смеам да го разбудам или треба да го чекам сам да се разбуди?“ Нема понепријатна ситуација од таа кога ќе ја поминете ноќта кај партнерот, но ќе се разбудите многу порано од него и нема да знаете што да правите. Дали да се мачите повторно да заспиете или да го започнете денот? Навистина тешки дилеми!

7. „Како ќе изгледам наутро?“ Сите знаеме дека понекогаш жените изгледаат сосема различно со шминка и без. Преспивањето значи дека вашиот нов дечко за прв пат ќе ја види вашата утринска природна убавина. Но, што ако не му се допадне тоа што го гледа?!

8. „Дали тој ќе се однесува поинаку кога ќе ме види без шминка?“ Тој ќе ве запознае целосно и ќе може да ги забележи сите ваши физички недостатоци кои инаку ги покривате со шминка. Ова не би требало толку многу да ве загрижува, бидејќи на крајот на краиштата тој секако би требало да ве сака поради вашиот карактер, а не физичкиот изглед.

9. „Зошто има женски дезодоранс во тоалетот? Дали неговата бивша го оставила? Која е таа? Како изгледала?“ Жените честопати знаат да си направат филмови во главата и да ги преувеличат работите. Женскиот дезодоранс во неговиот тоалет не мора да значи апсолутно ништо. Можеби тој го користи, од каде знаете?! Пред да донесувате избрзани заклучоци, најпрво разговарајте со партнерот.

Како размислуваат жените кога ќе решат за прв пат да преспијат кај нивниот партнер?

10. „Колку долго му стои ѓубрето во соба?“ Мажите понекогаш знаат да бидат неуредни, па можно е да забележите нечисти чаши наоколу и празни кутии од пица. Сепак, немојте веднаш да се загрижувате. Можеби вашата посета го фатила неподготвен или неделава бил премногу зафатен, па немал време да исчисти…

11. „Колку долго да останам откако ќе се разбудиме?“ Ова е можеби најголемата дилема што ги мачи жените. Тие не можат да проценат дали треба да си отидат веднаш по будењето, да останат на појадок или пак да го поминат целиот ден заедно. Најдобро е да обрнете внимание на неговото однесување. Тој сигурно ќе ви покаже дали сака да останете или едвај чека да си одите.

12. „Кој ќе направи појадок?“ Ретки се сценаријата во кои партнерот ве буди со појадок во кревет. Тоа обично е многу далеку од реалноста. Но, дали треба да очекувате од него да го подготви појадокот бидејќи прв пат преспивате или сепак треба вие да ги преземете работите во свои раце? Најдобро е да направите компромис и да подготвите појадок заедно!

13. „Дали да ја оставам четкичката за заби кај него или уште е рано?“ Ова никој нема да може да ви го одговори освен вие самите. Вие најдобро знаете каков е вашиот однос и колку е сериозна врската. Доколку мислите дека вашиот партнер има проблем со врзувањето и четката за заби би можела да го исплаши, најдобро е да го оставите овој чекор за друг пат. Но, доколку сте сигурни во неговите чувства и знаете дека ќе преспиете уште многу ноќи заедно, слободно оставете си ваши работи кај него, бидејќи тоа не само што е практично, туку е и знак на блискост и поврзаност.

А дали знаете дека начинот на кој спиете со партнерот зборува за вашата врска? Во продолжение дознајте го значењето на вашата вообичаена поза.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар