Како разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?

Како разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?

Стоите во крукче од 5-6 луѓе. Случајно се најдовте таму, но се впуштивте во дискусијата и сè е добро до тука. Наеднаш заминуваат сите по нова порција јадење, а вие останувате во присуство на само една личност, која не ја познавате од претходно, на која дури ни името не ѝ го знаете. Незгодно… Како да го продолжите муабетот? Што да зборувате со некој за кого немате никакви сознанија? Дали и вие да појдете по нова порција јадење?

Како разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?

Сигурно многупати сте се нашле во ваква ситуација, без разлика дали сте на конференција од работа, на роденден кај другар/ка или на свадбата на вашиот втор братучед. Победете ги непријатните тишини и благото учтиво подигнување на врвовите на устата со сила. Еве неколку совети..

1. Разговарајте за вас, за луѓето кои ги познавате од настанот на кој присуствувате, за да утврдите кој ви е заеднички познаник, дали некој колега, пријател или роднина.

2. Поставувајте му прашања на соговорникот. Прашајте го нешто општо за животот, од каде е, со што се занимава, дали има некое хоби. Актуелните настани се секогаш добар двигател на разговори со непознати, па и со подобро познати луѓе. Нова градба, културна манифестација, актуелност од големо значење… Почнувајте ги речениците со: „Што мислиш за…“; „Имаш слушнато…“ и сл. Но, избегнувајте контроверзни теми и воздржувајте се од долги здодевни приказни.

3. Ако забележите дека ви станува здодевно од она што го зборувате, веднаш престанете и преминете на друга тема.

4. Слушајте повеќе одошто зборувате.

5. Кога се среќавате со луѓе кои не ги знаете од порано, ограничете ги приказните што имате да им ги раскажете, зборувајте за скорешни случувања од вашиот живот. Од време на време, спомнувајте нешто во врска со она што моментално ве опкружува, интересната музика во позадина, вкусната храна што е сервирана итн.

6. Имајте во ракав неколку интересни историски факти, на пример:

Како дете, Алберт Ајнштајн ретко зборувал. Кога зборувал, тоа го правел многу бавно, дури ја вежбал секоја реченица во главата пред да ја каже како што треба на глас. Ова му се случувало до деветгодишна возраст. Неговите родители биле загрижени. Но, на крајот, една вечер додека јаделе, ја прекинал тишината велејќи: Супава е премногу жешка. На родителите многу им олеснило, па веднаш го прашале зошто дотогаш не проговорил ни збор, а тој одговорил: Бидејќи досега, сè беше како што треба.

7. Сепак, не претерувајте. Никој не сака човек кој мисли дека знае сè.

8. Долгите паузи се најдобар момент за „уфрлување“ некој историски факт. Повеќето луѓе би ве слушале со задоволство што и да имате да кажете, отколку да ја слушаат непријатната тишина.

9. Следете си го сопствениот говор на телото. Луѓето кои изгледаат како да паднале од небо им предизвикуваат непријатно чувство на другите. Делувајте самоуверено и удобно во сопствената кожа, дури и кога не се чувствувате така.

10. Дозволете им на непознатите луѓе да ве прекинат. Тие не се непристојни, туку ви помагаат во меѓусебното запознавање. Дозволете им да зборуваат и почекајте сигурен знак од нив за да ја продолжите вашата приказна.  Добро е ако тие ве поттикнат на ова, значи дека сакаат да ве слушаат.

11. Ако сè друго не успее, зборувајте за времето бидејќи луѓето секогаш со леснина се поврзуваат на оваа тема. Секако, имајте предвид од какво место доаѓа соговорникот. Не сакате да му дадете несоодветен коментар за заладувањето на некој кој живее на север и во моментот седи спроти вас со кратки ракави.

12. Имајте резервни изговори за културно да се тргнете настрана. Ова може да е нешто од типот: „Извини, ќе појдам да земам уште една пијачка“; „Ќе одам да земам нешто за јадење“ или „Би требало да одам да се поздравам со…“

Сè додека избегнувате лични, политички или контроверзни теми, барем додека се запознавате со луѓето, и имате идеја за прашањата кои сакате да ги поставите, вие можете да разговарате како вистински социјална личност.

Дополнително, може да ви бидат од помош и 12-те златни правила за пријатен разговор и 5-те чекори до поздрав социјален живот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар