Како промената на климата ја менува отпорноста на нашиот организам?

Како промената на климата ја менува отпорноста на нашиот организам?

Непредвидливите и ненадејни временски промени претставуваат стрес за човековиот организам. Посебно е чувствителен кардиоваскуларниот систем, па затоа често се појавуваат варирања на крвниот притисок, мигрени, промена на телесната температура, отежнато дишење и несоница.

1-promena-na-klimata-promena-na-otpornosta-na-nashiot-organizam-www.kafepauza.mk_

Климатските промени влијаат на сите системи во организмот и го трошат природниот одбранбен механизам на телото. Нашите сетила под надзор на нервниот систем постојано ги следат надворешните услови и по рефлексивен пат нè известуваат за промената на климата, по што го активираат одговорниот механизам за адаптација.

1. Издавањето лекови

Воопшто не треба да нè чуди што сезонското издавање лекови стана тренд, бидејќи стомачниот вирус е актуелен во текот на целата година. Има сè повеќе случаи на болести со нетипична клиничка слика, без разлика дали станува збор за настинка, инфекција или хронична болест, симптомите се јавуваат побавно, а траат подолго.

2. Ненадејните временски промени

Овие промени ги држат нашите сетила во напрегната состојба и предизвикуваат стрес за нашиот организам. Имунолошкиот систем е ослабен, обидувајќи се да се спротивстави на надворешните влијанија. На промената на воздушниот притисок најмногу подлегнуваат зглобните структури, па затоа лицата кои имаат реума најмногу може да ги почувствуваат временските промени.

3. Летните горештини

Во текот на тропските денови се препорачува честа рехидратација без разлика дали чувствуваме жед, односно внесување течности од минимум 2 литри вода или 8 чаши секој ден, одмор во текот на денот и често туширање. Топлото време претставува предуслов за размножување на бактериите и вирусите, па затоа се препорачува и носење лесна и памучна гардероба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар