Како природно да си ја исправите косата?
Многу девојки сакаат да имаат идеално права коса, но освен по посета на фризер, не можат да го постигнат овој ефект сами. Постојат скапи средства за исправување и хемиски процеси со помош на кои може да се постигне ова. Но, постојат и лесно достапни продукти, кои можете да ги ставите на вашата коса дома и да го добиете посакуваниот ефект, без притоа да ја оштетите косата. Напротив, некои од нив дури и ќе ја негуваат и потхрануваат вашата коса додека истовремено ѝ овозможуваат да остане права.
Млеко
Ставете во шишенце со спреј 1/3 шолја вода (околу 80 мл) и исто толку млеко. Распрскајте ја смесата убаво низ целата коса. Исчешлајте се со широк чешел, притоа отстранувајќи ги стутканите делови и распоредувајќи го препаратот еднакво по целата должина на влакното. Нанесете го најмалку еден час пред миење. Измијте ја косата со шампон, а потоа ставете и кондиционер. Тоа е тоа. Исправувачкиот ефект ќе трае сè додека не ја измиете косата наредниот пат.
Млеко и мед
Можете да ја исправите косата само со млеко, но додавајќи мед, дополнително ќе го потхраните влакното. На овој начин ќе можете да излезете на крај со сувата и со кадравата коса.
Фулерова земја (вид глина)
Земете една помала шолја и наполнете ја со фулерова земја. Префрлете ја во друг сад и додадете 1 јајце и 5 лажички оризово брашно. Измешајте ги состојките. Пред да ја нанесете пастата, исчешлајте ја косата, поминувајќи ја секаде барем по 2-3 пати. Нанесете ја пастата додека сè уште продолжувате со чешлање. Исправувајте. Оставете ја косата 40 минути за глината сосема да се исуши. Употребувајте го препаратот на секои две недели, а една ноќ пред да го аплицирате, намасленувајте ја косата.
Маслиново масло и јајце
Изматете 2 јајца и додадете 1 лажичка маслиново масло. Измешајте. Нанесете ја смесата на косата со четка. Оставете ја неколку часа додека се исуши и потоа измијте ја со шампон. Ова ќе ви ја исправи косата и ќе го потхрани влакното.
Сок од лимета и кокосово млеко
Измешајте кокосово млеко и сок од лимета. Измешајте додека не добиете кремаста смеса. Ставете ја смесата во фрижидер и оставете ја да отстои еден ден. Следниот ден нанесете ја смесата на главата и масирајте го скалпот. Со жешка крпа покријте ја косата, а по еден час измијте ја. Повторувајте ја постапката барем 3 пати неделно и наскоро ќе забележите како косата ви се исправува.
Жешко кокосово масло
Ова е уште една битна придобивка од кокосовото масло. Загрејте една количина и нанесете ја на скалпот. Држете ја 20-30 минути, притоа покривајќи ја главата со топол пешкир. Потоа нанесете шампон. Измијте ја косата и повторно покријте ја со крпа. Држете ја околу 5 минути. Употребете фен или исушете ја природно. Ќе видите на крајот, вашата коса ќе има сјај и ќе делува природно права.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.