Како прескокнувањето оброци може да му влијае на организмот?
Ако некогаш сте прескокнале некој оброк, а тоа им се случува дури и на оние кои се грижат секогаш да појадуваат, ручаат и вечераат, сигурно сте се запрашале што би се случило со вашето тело доколку тоа ви стане навика.
Што се однесува до редовното прескокнување оброци, научниците сè уште собираат докази за потенцијалните долгорочни ефекти врз телесната тежина и здравствените состојби како што се срцевите заболувања и дијабетесот. Но, кои се краткорочните ефекти врз вашето тело кога прескокнувате оброци?
Се намалува нивото на шеќер во крвта и енергијата во организмот
Редовните оброци во текот на денот спречуваат пад на енергијата и ве одржуваат будни и фокусирани. Ако ги прескокнувате оброците, вашето тело ќе има недостиг од гликоза, главното гориво на мозокот. Нискиот шеќер во крвта може да ви ја намали енергијата, правејќи да се чувствувате слабо и исцрпено. Недостатокот на гликоза исто така може да го отежне концентрирањето. Други симптоми на низок шеќер во крвта може да вклучуваат треперење, потење и раздразливост.
Чувство на голема глад и прејадување
Кога не јадете доволно често, може да се чувствувате целосно обземени од потребата да јадете нешто. Тешко е да размислувате за нешто друго освен за храна кога вашето тело нема доволно енергија. Ако останете без храна подолго време, вашите преференции за храна се менуваат и кога ќе станете многу гладни.
Гладните луѓе често имаат тенденција да јадат јаглехидрати и слатки бидејќи тоа им го зголемува шеќерот во крвта и брзо им го подобрува расположението. Проблемот е што ова трае само кратко, освен ако не додадат масти, протеини или влакна во исхраната покрај јаглехидратите за да го ублажат скокот на гликозата. Тоа значи дека наскоро повторно ќе бидат гладни. Ако се премногу гладни, од друга страна, поголема е веројатноста дека ќе се прејадат за да го надоместат недостатокот на храна што ја пропуштиле во текот на денот. Прејадувањето може да предизвика и гадење, запек, надуеност и исцрпеност.
Отежната концентрација и послаби физички перформанси
Недостигот на храна се одразува и на физичката активност и вежбањето. Кога вежбате, тешко ви е да се концентрирате на оваа активност доколку сте гладни. Дополнително, ако не се храните правилно пред тренингот, ќе имате помала корист од тренингот. Истото важи и ако не добиете соодветен оброк после тренингот бидејќи вашето тело не може да го надополни нивото на гликоген (за што се потребни јагленихидрати) и мускулите (за кои се потребни протеини). Накратко, ако сте активни физички, никогаш не е паметно да прескокнувате оброци.
Откако прочитавте како организмот реагира на прескокнувањето оброци, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници можат да ви помогнат полесно да се изборите со стресот.
Извор: citymagazine.danas.rs