Како правилно да си играте со женските гради?

Како правилно да си играте со женските гради?

За време на сексуалната (пред)игра повеќето момци сакаат да си поигруваат со градите на партнерката. За волја на вистината, и многу девојки уживаат во ваквите допири. Сепак, не е лесно тоа да се прави спонтано, природно и да предизвикува задоволство кај обајцата. За да бидете сигурни дека го правите тоа како што треба, секси и забавно, прочитајте ги следните совети.

Како правилно да си играте со женските гради?

Застанете одзади

Градите најдобро изгледаат кога ги гледате однапред, но најлесно е да си играте со нив одзади. Кога сте во позиција зад партнерката, имате можност да истражите и други делови од нејзиното тело, над или под градите.

Експериментирајте пред огледало

При масажа на градите, на жените им се ослободува окситоцин во организмот, поради што тие се чувствуваат добро и задоволно. Ако сакате да експериментирате, пробајте да ги масирате градите на вашата партнерка пред огледало, но внимавајте да не гледате премногу во него, туку повеќе концентрирајте се на самите допири.

Нежно со усните

Многу мажи, но и жени уживаат во масажа на градите со усни. Сепак, ако се одлучите на овој чекор, имајте предвид дека претерувањето би можело да биде непријатно за партнерката, дури и да почувствува болка, ако тоа го правите преинтензивно. Гледајте малку да се воздржувате кога ќе ѝ ги допирате брадавиците, бидејќи тие се многу осетливи.

Масажа под туш

Масажата на градите под туш може да биде вистинско еротско искуство за обајцата. Млазот топла вода насочен кон нејзините гради ќе ја зголеми осетливоста на кожата а со самото тоа, и секој допир ќе го чувствува со поголем интензитет. Вклучете ги и купката за бањање и луфата во сексуалната игра, со помош на кои ќе правите пена по нејзиното тело и целосно ќе уживате во сите допири.

Не брзајте со соблекувањето

Иако повеќето мажи брзаат да ги соблечат што побрзо своите партнерки за да ги видат голи, сепак добро би било малку да се воздржите. Додека ја соблекувате партнерката, оставете го горниот дел од облеката што ја има на себе и преку неа масирајте ѝ ги градите. 81% од жените се имаат изјаснето дека ова многу ги возбудува и им го зголемува сексуалниот апетит.

Не ориентирајте се според порно филмовите

Бидете нежни при масирањето на градите, бидејќи и најмала грубост може да расипе сè. Наместо да ги „месите и гмечите“, нежно милувајте ги градите на вашата партнерка. Тоа ќе ви создаде чувство на блискост, кое можете да го засилите со нежни шепоти и избрани зборови.

Понекогаш помалку може да биде повеќе. Држете ги дланките свртени обратно кон градите на партнерката на растојание од неколку милиметри, а по неколку секунди нежно измасирајте ѝ ги. Не бидете груби, бидејќи колку понежен и поблаг е вашиот допир, толку нервите под нејзината кожа повеќе ќе реагираат.

Дознајте што ѝ се допаѓа, а што не

Многу жени се жалат дека нивните партнери им ги третираат брадавиците како копчиња во лифт. Треба да знаете што ѝ се допаѓа на вашата партнерка, бидејќи некои сакаат партнерот да им ги врти брадавиците, но на многумина тоа им е болно и одвратно.

Нека не трае предолго

Уште една препорака е дека не смеете да претерате премногу долго со оваа игра. Ако ги масирате брадавиците премногу долго, тие стануваат преосетливи и понатамошната игра со нив веќе би се претворила во лошо искуство за партнерката.

Играјте со целите гради

И не заборавајте, градите не се состојат само од брадавици. Пределите околу нив може да бидат исто толку забавни, а во некои случаи дури и поосетливи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар