Како правилно да ја тапирате косата за да постигнете природен волумен?

Како правилно да ја тапирате косата за да постигнете природен волумен?

Девојките ја тапираат косата во разни ситуации, кога сакаат да имаат „побесен“ изглед, за да ги прикријат подзамастените корени или едноставно за да добијат повеќе волумен.

Ако се тапирате правилно, притоа сакајќи да го избегнете ефектот на птичје гнездо на главата, ќе добиете коса која природно ќе паѓа од коренот кон врвот, нема да изгледа несмасно и заплеткано, а згора на сè, ќе издржи така цел ден.Како правилно да ја тапирате косата за да постигнете природен волумен?Експерот за коса Ерик Габриел покажува и објаснува како правилно да се тапира косата, и тоа на две девојки кои имаат различен тип влакно. Според него, клучни се неколку работи:

  • делење на косата на повеќе помали прамени
  • тапирање само кон коренот на косата, и тоа наизменично одоздола, па одозгора, додавајќи едно право чешлање помеѓу секоја серија
  • како се оди кон горниот дел од главата, праменот треба да се подигнува пред да се почне со тапирање
  • пред бањање, задолжително да се исчешла целата коса од коренот надолу за да се избегне гужвање
  • за тешки свилени коси, може да се употреби и лесен лак за зацврстување

Вака тапираната коса ќе создаде природен изглед со волумен, а потоа можете да одлучите што ќе правите со неа, да ја пуштите право да паѓа покрај вашето лице или благо да ја зафатите во некаква пунџичка.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар