Како правилно да го исчистите лицето пред спиење?

Како правилно да го исчистите лицето пред спиење?

Неправилното миење на лицето може да доведе до голем број проблеми, како оштетена и сува кожа, воспаление, црвенило и појава на акни. Кожата на лицето е многу чувствителна и затоа е важно да ги следите следниве 7 чекори.

Како правилно да го исчистите лицето пред спиење?

1. Најпрво измијте ги рацете

Доколку рацете не ви се чисти, можете да пренесете голем број бактерии на лицето, па затоа најпрво убаво измијте ги рацете со антибактериски сапун.

2. Избришете ја шминката

За убаво да ја исчистите кожата на лицето, најнапред избришете ја шминката. За ова ви се потребни средство за бришење шминка и памук.

3. Измијте го лицето со млака вода

Доколку за време на миењето на лицето користите ладна вода, порите ќе ви се затворат и тоа ќе спречи длабински да ја исчистите кожата. Од друга страна, жешката вода може да ви ја исуши кожата, што исто така не е добро. Токму затоа, користењето млака вода е најдоброто решение (истото важи и за кожата на телото при туширањето).

4. Нанесете го вашиот омилен препарат за чистење на лице

Капнете од средството и чистете го лицето со кружни движења. Можете и да стиснете малку посилно за да го стимулирате протокот на крв во лицето.

5. Нежно тријте го лицето со пешкир

Употребувајте мокар, нежен пешкир и со кружни движења тријте го лицето. Почнете од челото, преку носот до брадата, а за крај оставете ги образите. Не треба да бидете груби, бидејќи ваша цел е да ги отстраните мртвите клетки од површината на кожата, а не да го иритирате лицето.

6. Измијте го средството за чистење на лице

Овој пат, лицето измијте го со вода, за нијанса поладна од млака. Потоа, со сув пешкир, тапкајте го лицето, за пешкирот да ја впие водата од лицето.

7. Уште еднаш исчистете ја шминката околу очите

Доколку сте имале нанесено посилна шминка околу очите, фино би било уште еднаш со средство за чистење на лице да го исчистите тој дел од лицето. Доколку ви останат траги од маскарата и моливчето, можат да ви предизвикаат иритација на очите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар