Претходно
Како правилно да ги засукате ракавите на кошулата?
Постојат три начини на кои можете да ги засукате ракавите: кежуал, италијански и морнарски стил.
1. Кежуал стил
- Откопчајте ги копчињата.
- Префрлете ја манжетната назад.
- Свиткајте ја назад така што ќе добиете нов крај на ракавот.
- Повторувајте ја истата постапка додека ја добиете посакуваната должина.
2. Италијански стил
- Откопчајте ги копчињата.
- Превиткајте го ракавот малку поназад и поблизу до лакотот.
- Потоа превиткајте го ракавот уште еднаш така што ќе се гледа околу една третина од манжетната.
3. Морнарски стил
- Ставете ја кошулата на рамна површина.
- Превиткајте го ракавот нагоре кај манжетната, а потоа продолжете да виткате нагоре.
- Исправете го превитканиот дел така што ќе нема набори.
- Повторете ја постапката додека ја добиете посакуваната должина.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.