Како правилно да ги замрзнете свежите јагоди?
Патот што јагодите го минуваат од местото каде што се набрани до локалната продавница е навистина долг и тежок. А луѓето пак, купуваат повеќе јагоди отколку што можат да изедат пред тие да скапат. Доколку и вие спаѓате овде и немате идеја што да правите со нив, секогаш можете да ги замрзнете.
Кога правилно ќе ги замрзнете, јагодите ќе ги зачуваат сите хранливи состојки, како и вкусот и мирисот. Не заборавајте дека после замрзнувањето јагодите ќе ја променат бојата и ќе станат потемни, а нивната текстура ќе биде помека. Не треба да очекувате одмрзнатите јагоди да изгледаат исто како и свежите.
Прв чекор: Подгответе ги јагодите
Најдобро е да користите јагоди кои се темно црвени, цврсти и потполно зрели. Внимателно измијте ги и исушете ги и отстранете ги листовите. Сувите јагоди ставете ги на посебна хартија. Немојте да ги држите јагодите долго во водата бидејќи на овој начин ги губат хранливите состојки и мирисот.
Втор чекор: Замрзнете ги
Јагодите можете да ги замрзнете цели, исечени или издробени. Јагодите кои не се слатки, прво замрзнете ги на хартија во тава за печење. Кога ќе замрзнат, одвојте ја секоја јагода и ставете ги во кеса за замрзнување. Оставете што е можно повеќе воздух во кесата за јагодите да не се залепат едни за други.
Погледнете и како да ги сочувате јагодите откако ќе им помине сезоната.