Како повторно да го носите фустанот од матурската вечер?

Како повторно да го носите фустанот од матурската вечер?

Секоја девојка се труди да изгледа најдобро што може на матурската вечер. Но што се случува со фустанот потоа? Сигурно поголемиот дел од вас не ни помислиле да го облечат уште еднаш. Но има начин како да го направите тоа. Погледнете го овој краток водич кој ќе ви помогне да го извадите фустанот од гардероберот.

Скратете го фустанот и отстранете ги слоевите

(1)kako-povtorno-da-go-iznosite-fustanot-od-maturskata-vesher-kafepauza.mk

Пронајдете некој шивач кој ќе го стори тоа. Земете го долгиот „балски“ фустан и претворете го во сладок летен фустан. А ако вашиот фустан има повеќе слоеви кои прават да изгледа поголем, ослободете се од нив. Со ова ќе добиете поедноставна форма која лесно се комбинира со други парчиња облека.

Правете комбинации за да добиете дневен изглед

(2)kako-povtorno-da-go-iznosite-fustanot-od-maturskata-vesher-kafepauza.mk

Комбинирањето на фустанот со патики е одличен изглед за дневно излегување. Може да додадете и тексас јакна и некој интересен ранец.

Чувствувајте се удобно и прекрасно на некој состанок

(3)kako-povtorno-da-go-iznosite-fustanot-od-maturskata-vesher-kafepauza.mk

Ако фустанот има премногу детали во горниот дел, покријте со некоја кошула и ќе добиете едноставен дневен изглед. Може да го комбинирате со сандали со платформа или пак, со едноставни балетанки.

Подгответе се за луда ноќ со пријателките

(4)kako-povtorno-da-go-iznosite-fustanot-od-maturskata-vesher-kafepauza.mk

Додајте кожна јакна и некоја интересна чанта. Облечете чизмички со висока потпетица и спремни сте за забава.

Носете го фустанот на некоја свадба или свечен настан

(5)kako-povtorno-da-go-iznosite-fustanot-od-maturskata-vesher-kafepauza.mk

Ако не се чувствувате удобно во матурскиот фустан преку ден, можете да го носите на некоја посебна прилика како свадба или некоја друга свеченост. Комбинирајте го со елегантни чевли, мала чанта и дискретен накит и ќе изгледате прекрасно.

Доколку сте матурантка, погледнете ги овие важни нешта кои треба да ги знаете за шминката на матурската вечер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар