Како понеделникот да ви стане омилен ден во неделата?

Како понеделникот да ви стане омилен ден во неделата?

За многумина најлошиот ден во неделата е токму понеделникот, а постојат многу причини за тоа. Враќањето на работа, почетокот на новата недела, нови работни обврски, потешки задачи и друго. Можеме да набројуваме до недоглед. Сепак, понеделникот воопшто не мора да биде грозен, а тоа зависи само од вас самите. Наместо вие самите да си создавате притисок и немир од рано наутро, започнете го понеделникот на што е можно помирен начин. Ако е потребно, станете малку порано од вообичаено за мирно да го испиете вашето прво утринско кафе, односно добро да се подготвите за новата работна недела и сите обврски кои ве очекуваат.

1. Започнете полека и нежно

Иако многу луѓе советуваат дека најпрво треба да ги извршите најтешките задачи, ние го тврдиме спротивното. Со оглед на тоа дека понеделникот сам по себе е веќе доволно тежок, оставете ги најтешките задачи за понатаму во текот на неделата или барем за попладневните часови. Во понеделник наутро извршувајте ги позабавните, едноставни задачи кои исто така треба да се средат, а нема да ве преоптоварат.

2-neka-ponedelnik-vi-stane-omileniot-den-vo-nedelata-www.kafepauza.mk_

2. Пронајдете нешто на што ќе му се радувате

За повеќе да се радувате во понеделник, направете нешто што ќе ве усреќи. На пример, ветете си дека подоцна ќе одите во шопинг, во некоја парфимерија или во текот на паузата за ручек ќе ја посетите вашата омилена слаткарница. На овој начин преживувањето на понеделникот ќе ви биде полесно.

3-neka-ponedelnik-vi-stane-omileniot-den-vo-nedelata-www.kafepauza.mk_

3. Променете ја вашата рутина

За овој ден да биде помалку досаден, немојте да дозволите секогаш да ви биде ист. Постојано додавајте нешто ново или поразлично.

4-neka-ponedelnik-vi-stane-omileniot-den-vo-nedelata-www.kafepauza.mk_

4. Дозволете си нешто благо

Ако внимавате на исхраната или пак сте на диета, нека понеделникот ви биде ден за мамење. Купете чоколадо, некој убав колач или нешто друго што ви се допаѓа и изедете го веднаш штом почувствувате дека психички тонете.

5-neka-ponedelnik-vi-stane-omileniot-den-vo-nedelata-www.kafepauza.mk_

5. Искористете ја максимално неделата

За понеделникот да биде добар, исто така е важно и на кој начин сте го поминале претходниот ден. Со други зборови, искористете ја неделата максимално. Уживајте, одморете се и релаксирајте се, направете си купка или поминете го денот во природа. Вечерта искористете ја за да се подготвите за новата работна недела – подгответе ја облеката за во понеделник, составете листа на задачи и слично.

6-neka-ponedelnik-vi-stane-omileniot-den-vo-nedelata-www.kafepauza.mk_

6. Бидете си самите на прво место

Последна, но не и помалку важна работа е дека самите треба да си бидете на прво место, и тоа не само во понеделник. Откако ќе си дојдете дома од работа, слободното време посветете си го само на себе. Направете си купка, изгледајте го вашиот омилен филм или одете на масажа.

7-neka-ponedelnik-vi-stane-omileniot-den-vo-nedelata-www.kafepauza.mk_

Пронајдете занимливи активности и начини на кои ќе го поминувате вашето време низ текот на неделата, а кои не се однесуваат само на работата. Понекогаш допуштете си спа третман, посетете го вашиот фризер, одете со вашиот партнер во кино… Имате можност да избирате помеѓу безброј активности, само треба да издвоите време за работите кои ве исполнуваат и ве прават среќни, но и да бидете подобра личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар