Како полицијата знае дека возите пијани уште пред да ве сопре?
Возачите во алкохолизирана состојба не си го загрозуваат само својот живот туку и животот на сите останати учесници во сообраќајот. И покрај тоа, многу поединци кои испиле неколку чашки алкохол решаваат да седнат зад воланот, со надеж дека нема да ги сопре полицијата. Меѓутоа, постојат одредени знаци што им помагаат на полицајците да забележат дали возачот е пијан уште пред да го застанат, иако тој можеби мисли дека вози нормално како и сите останати. Ова се сигналите со чија помош полицајците откриваат дали возачот испил повеќе одошто треба…
1. Нагло преминување од едната страна на улицата кон другата.
2. Многу бавно возење, барем 10 километри на час под дозволеното ограничување.
3. Хаотично кочење.
4. Возење без вклучени светла.
5. Несоодветно застанување на семафори или пешачки премини кога нема пешаци.
6. Хаотично користење на трепкачите.
7. Нагло менување на правецот и нагло вртење.
8. Претерано приближување до другите автомобили во сообраќајот.
Возењето во алкохолизирана состојба е нешто што многу често се практикува во нашата држава, особено на денови како овој, кога треба да се прослави нешто, а не сакате ниту да барате такси ниту да се откажете од алкохолот. Пред да одлучите дека ќе возите и покрај тоа што сте пиеле алкохол, помислете на сите сообраќајни несреќи што секојдневно се случуваат и не го преземајте тој ризик. Немојте да си ја уништите вечерта и да ја поминете во расправање со полиција, иако тоа е најмалата трагедија што би можела да ви се случи како последица од пијаното возење. Бидете совесни возачи и не го ризикувајте сопствениот, но и туѓиот живот!
Доколку сѐ уште не сте свесни за опасноста од возењето под дејство на алкохол, погледнете како овие луѓе стануваат свесни за ризикот со помош на симулатор.