Како полесно да комуницирате со другите? Овие трикови ќе ви помогнат!
Човековата психологија понекогаш може да биде сложена работа. Честопати ќе се најдете во ситуации кога нема да можете да сфатите како да се справите со одредени работи и тоа токму поради недостатокот на зборови. Истовремено, не можете да ги читате мислите на другите и да го дешифрирате нивното однесување.
Но, вистината е дека овие навидум сложени дејства се резултат на верижни реакции на одредени едноставни проблеми. Не заборавајте дека како и јазикот, така и умот има своја граматика и свои правила. Треба да го научите „јазикот на умот“ и да го примените во ваша корист. Тоа ќе ви помогне полесно да комуницирате, но и да ги разбирате другите. Доволно е да ги следите овие психолошки трикови.
Ако се чувствувате нервозни, земете гума за џвакање
Кога сте нервозни, почнете да џвакате гума за џвакање и продолжете сè додека не осетите како нервозата се смирува. На тој начин, го залажувате мозокот да мисли дека воопшто не сте нервозни и дека сте целосно опуштени.
Молчете откако ќе му поставите некому прашање чиј одговор сакате да го дознаете
Кога му поставувате прашање на вашиот соговорник, но се чини дека тој се обидува да го избегне, воздржете се од повторно поставување на прашањето и молчете. Но, продолжете со контактот со очите. Ова ќе му предизвика непријатност на соговорникот, па така, под притисок, на крајот тој ќе ви го одговори прашањето. Штом ќе започне непријатната тишина, големи се шансите дека соговорникот ќе се обиде да ја пополни и ќе ви го открие она што првично не сакал да ви го каже.
Игнорирајте ги оние кои ве навредуваат
Доколку некој ве малтретира или понижува, најдоброто нешто што можете да го направите е да го игнорирате. Со оглед на тоа дека човечките суштества се општествени битија, тие секогаш очекуваат другите луѓе да реагираат. Никој не сака да му зборува на ѕидот. Тие можеби ќе продолжат да ве повредуваат, но кога ќе видат дека не можат ништо да направат, ќе престанат. Во повеќето случаи, тие ќе се чувствуваат засрамени и ќе ја прифатат сопствената вина.
Најважни се првиот и последниот впечаток
Како ќе се претставите и како ќе го завршите разговорот со некого, може да каже многу работи за вас. Тоа е така бидејќи работите кои што се случуваат први и последни во одредена ситуација се оние кои остануваат во нашето сеќавање, во споредба со она што се случило меѓу нив. Можете да го искористите овој трик во повеќе ситуации каде сакате да оставите добар прв впечаток, како интервју за работа, важен деловен или романтичен состанок.
Набљудувајте сè
Сакате да знаете кој кого мрази? Доволно е да набљудувате внимателно. Погледнете во нивните очи и реакции. Вашата моќ на набљудување може да ви помогне да разберете што навистина мислат другите. Луѓето имаат тенденција да се смеат додека разговараат со личноста која им се допаѓа, а доколку пак, не можат да поднесат некој, тие молчат или воопшто не покажуваат емоции кон таа личност.
Внимавајте луѓето да не дознаат сè за вас
Ова е еден од најефикасните трикови за вашиот друштвен живот. Луѓето ги привлекуваат оние кои носат со себе некаква „аура на мистерија“ и не откриваат сè што се случува во нивниот живот. Доколку сте премногу отворени за деталите од вашиот живот, ги зголемувате шансите другите да ве искористат. Бидете искрени докрај, но не споделувајте сè со сите.
Откако ги прочитавте нашите трикови за полесна комуникација, можеби ќе сакате да прочитате и 7 совети за комуникација што ќе направат да му се допаднете на секого.
Извор: themindsjournal.com