Како подобро да се запознаете себеси преку односите со другите луѓе?

Како подобро да се запознаете себеси преку односите со другите луѓе?

Во секојдневието ќе се сретнете со многу ситуации кои можете да ги искористите за да извлечете некоја поука, да го направите вашиот живот подобар или поедноставен. Освен некои практични работи, вие можете да научите многу и за вашите лични односи, односно, да се запознаете подобро самите себе преку односите со другите. Погледнете неколку начини на кои можете да дознаете повеќе за себе преку критичкиот поглед на односите во вашиот живот.

Како подобро да се запознаете себеси преку односите со другите луѓе?

1. Размислувајте за вашите односи како услуга за испораки

Ова може да ви звучи малку старомодно, но обидете се да мислите на односите како на вистински товарен брод што врши испораки. Поради тоа, важно е да сфатите дека односите треба да бидат заемно корисни. Кога комуницирате со некој, треба да размислувате што добивате од таа врска. Дали е тоа љубов, дружење, емпатија, вреднување? Што е она што таа врска ви го носи вам и за што треба да направите простор во вашиот живот? Што за вас зборува тоа што вие барате такви испораки?

Како подобро да се запознаете себеси преку односите со другите луѓе?

2. Направете пауза пред да одговорите

Кога реагирате на луѓето во вашиот живот, тоа зборува многу за вашите врски и за тоа што се случува внатре во вас. Па, обидете се со оваа вежба. Наредниот пат, кога ќе треба емоционално да му одговорите некому во вашиот живот, на пример да викате, да се лутите, да се потсмевате и слично, обидете се да запрете еден миг и да ги подредите емоциите кои се наоѓаат во вас, пред да одговорите.

Како подобро да се запознаете себеси преку односите со другите луѓе?

3. Прашајте се себеси што би требало да правите

Не можете одеднаш да научите сѐ за себе, затоа што поголем дел од времето ваквите лекции доаѓаат споредувајќи се со другите. Ако некој ве нервира, прашајте се себеси дали и вие би одговориле на тој начин, или пак доколку сте импресионирани од нечие однесување, прашајте се што треба да направите за и вие да одговорите слично. Иако постојат нездрави начини за споредување со другите, тоа исто така може да биде одличен начин да дознаете многу работи за себе.

Како подобро да се запознаете себеси преку односите со другите луѓе?

4. Вежбајте да го согледувате доброто во луѓето

Оваа вежба е особено добра ако имате конфликти со важни луѓе во вашиот живот. Доколку секојдневно имате проблеми со некој, запишете барем едно нешто што ви се допаѓа кај таа личност. Можеби тоа ќе биде нешто мало или пак ќе ви одземе повеќе време додека го најдете, но, оваа практика ќе ви овозможи секогаш да ги барате позитивните особини кај луѓето, па истата вештина ќе ја користите и кај себе.

Како подобро да се запознаете себеси преку односите со другите луѓе?

5. Слушајте ги другите

Ова може да ви звучи лесно, но тоа воопшто не е. Многу често луѓето ви упатуваат критики или комплименти, но вие не ги слушате секогаш, па или се браните од критиката или пак веднаш одбивате да ги прифатите комплиментите. Прифатете го она што ви го кажуваат другите. Не мора да значи дека сѐ ќе биде вистина, но понекогаш можете многу да научите од тоа.

Како подобро да се запознаете себеси преку односите со другите луѓе?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар