Како подобро да се поврзувате со луѓето?

Како подобро да се поврзувате со луѓето?

Ако сакате да напредувате во вашата кариера или пак, да имате подобри врски со вашите пријатели и семејството, треба да научите како подобро да се поврзувате. Поврзувањето е способноста да се пронајдете себеси во другите. Комуникацијата е различна од ова бидејќи сите ние испраќаме и добиваме пораки, но тоа не значи дека сме се поврзале. Па, како да остварите вистинска поврзаност и истата долго да ја одржите?

1. Имајте интерес во другите

(1)kako-podobro-da-se-povrzuvate-so-lugjeto-kafepauza.mk

Најчесто, луѓето кои најдобро се поврзуваат се оние кои се грижат за другите. Како лидер не можете да очекувате некој да ви даде почит. Вие треба да ја заслужите таа почит. Почитта се заслужува на тој начин што ќе покажете одреден интерес за другите, а ова ќе води до поврзување со некоја личност.

2. Почнете со одговор на прашањето „Зошто?“

(2)kako-podobro-da-se-povrzuvate-so-lugjeto-kafepauza.mk

Пред да почнете со поврзување, важно е да ги разјасните вашите намери. Така луѓето повеќе ќе ви веруваат. Јасно кажете која ви е намерата и која ви е целта за да ја добиете потребната почит. Дури и ако некој не се согласува со вашите методи, тој сепак ќе ве почитува бидејќи вие сте го наложиле тоа.

3. Поставувајте прашања

(3)kako-podobro-da-se-povrzuvate-so-lugjeto-kafepauza.mk

За да станете одлични во поврзувањето, мора да научите како да го префрлате вниманието врз другите. За ова е доволно само да поставувате прашања. Со тоа луѓето ќе се чувствуваат удобно околу вас. Дајте им шанса на луѓето да споделат нешто за себе и тие навистина ќе ве засакаат. Тие ќе ви кажат што им е важно и што сакаат да прават.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар