Како отчукува биолошкиот часовник кај жената?

Како отчукува биолошкиот часовник кај жената?

Квалитетот на јајце-клетките со годините се намалува, па така и веројатноста за природно оплодување е помала, додека се зголемува ризикот од губење на детето. Но, покрај возраста на мајката, битни се и годините на таткото.

Бременоста во 40-тите години од животот во последниве неколку години се зголемува, но докторите предупредуваат дека ова носи и голем ризик за здравјето на мајката и детето. Јајце-клетките на оваа возраст не се толку здрави како во 20-тите, па колку се жените постари, толку е потешко да останат бремени, и толку бременоста им станува потешка.

Шансите за природно оплодување се помали од 5%

Сепак, шансите се поголеми од 5% за вештачко оплодување и се движат од 6 до 10%, потврдува една студија на Американското општество за репродуктивна медицина.

Квалитетот на јајце-клетките опаѓа со годините

Квалитетот на јајце-клетките во 40-тите години од животот на жената многу опаѓа, па само 25% успеваат да зачнат без донорски јајце-клетки од млади жени. Влегувајќи во 43-тата, шансите паѓаат на 10%, а со 44-тата на 1,6%. Иако некои жени можат да затруднат со свои јајце-клетки, тоа не е вообичаено ако се работи за вештачко оплодување, тврдат гинеколозите.

Здравата телесна тежина го намалува ризикот од царски рез

Тежината игра голема улога во бременоста. Истражувањата на 53.000 жени потврдиле дека жените на 40 години кои пазат на својата линија имаат помал ризик од царски рез, преран пораѓај, ниска телесна тежина кај детето и гестациски дијабетес карактеристичен за бременоста.

Поголем е ризикот од пометнување

Како резултат на намалување на квалитетот на јајце-клетките со годините, станува поголем ризикот од генетичка малформација која го оневозможува одржувањето на бременоста и растот на фетусот. Ова пак, го зголемува ризикот од пометнување, а колку сте постари, толку ситуацијата е понеповолна. Степенот на пометнувања кај 40-годишните жени кои биле на вештачко оплодување е 24%, кај 43-годишните – 38%, а кај 44-годишните – 54%, потврдува истражување спроведено на Универзитетот Харвард.

Колку постар е таткото, толку е поголем ризикот од аутизам

Освен годините на мајката, значајна е и возраста на таткото. Квалитетот на спермата се намалува, па колку е таткото постар, толку е поголем ризикот од аутизам и шизофренија кај детето.

Треба да се почне на време

Со вештачко оплодување во 40-тите треба да се почне после 6 месеци обидување, советуваат гинеколозите. Но, ова важи само ако менструалниот циклус е редовен, а ако не е, се препорачува да се побара лекарска помош многу порано. После тоа се прави темелно испитување и третирањето се прилагодува индивидуално, што пак не секогаш гарантира успех.

Јајце-клетките треба да се здрави

Пред да се настапи со вештачко оплодување, јајце-клетките се тестираат и се избира она што е најздраво со цел да се зголемат шансите за бременост. Модерната технологија ги зголеми тие шанси за постарите жени, но тоа и понатаму не значи дека би имало успех при првиот обид.

Надворешниот изглед не е мерило на староста

Важна е вистинската возраст на мајката и возраста на генетичкиот материјал содржан во јајце-клетките. Нивниот квалитет може да се подобри со одредени состојки како коензимот Q10, но за тоа претходно треба да се посоветувате со доктор.

Не се препорачува породување во домашни услови

Колку постара е бремената жена, толку е поголем ризикот од компликации при самото породување. Особено се опасни дијабетесот и високиот крвен притисок, па во такви ситуации не се препорачува домашно породување.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар