Како остатоците од храна да ги користите како ѓубриво?

Како остатоците од храна да ги користите како ѓубриво?

Претворањето на разградливите остатоци од храна во природно ѓубриво не е нова идеја. Кога сите тие остатоци ќе се спојат во една смеса, таа содржи хранливи состојки кои можат да послужат за потхранување на растенијата во градината или во саксиите. Ова е последица на процесот на разложување на органските материи, кој започнува во корпата за ѓубре.

Како остатоците од храна да ги користите како ѓубриво?

Заштитата на животната средина треба на сите да ни биде приоритет, а тоа вклучува одговорно исфрлање на ѓубрето, но и негово претходно сортирање. Поради тоа, еколозите советуваат наместо да се фрлаат остатоците од храна, тие да се употребат за збогатување на почвата. На тој начин ќе се намали органскиот отпад. Кога се наоѓаат во депонија, овие отпадоци се распаѓаат, но нема почва да ги впие, па затоа шират и непријатен мирис. Но, кога тоа се случува директно во почвата, тогаш настанува аеробно распаѓање, благодарение на достапноста на кислородот. Затоа, оваа активност може да биде и доста забавна.

Постојат повеќе начини како самите да направите органско ѓубриво дома, без разлика дали имате двор или живеете во стан.

1. Ако живеете во стан

Иако ви се чини како невозможна мисија, доволно е само да обезбедите почва и биохумус кој во себе има ларви и црвчиња. Измешајте ги почвата, хумусот и органскиот отпад, ставете ја саксијата настрана и почекајте неколку дена да се случи распаѓањето. Потоа, добиената смеса можете да ја користите за вашите саксиски растенија.

Постојат и минерални почви збогатени со култура од микроорганизми кои ги разложуваат хранливите материи, па доколку црвите се премногу за вас, од специјализирани продавници побарајте ваква збогатена земја и во неа додадете го органскиот отпад.

Како остатоците од храна да ги користите како ѓубриво?

2. За оние кои имаат двор и/или градина

Ова уште во старт го олеснува правењето ѓубриво во домашни услови. Постојат ладно и топло производство. Првото е полесно за оние кои се помрзливи. Едноставно, соберете ги паднатите лисја, трева и друг органски отпад во купче, во дел што е потемен и повлажен. Оставете да стои таму најмалку шест месеци, редовно мешајќи ја смесата и додавајќи нови органски компоненти.

Ако немате толку време, обидете се со топлото производство. Ова бара еднакви количини на состојки кои се богати со јаглерод и со азот. На пример, хартијата и лисјата содржат јаглерод, а кафето, тревата и листовите од чај, како и овошјата и зеленчуците, содржат азот. Користете повеќе ѓубре со јаглерод отколку со азот. Наполнете во гајба и додадете органска материја. Микроорганизмите од ѓубривото купено од продавница веднаш ќе почнат со процесот на разложување на додатоците. По еден месец може да се користи ова ѓубриво за потхранување на почвата во вашиот двор.

Исто така, доколку познавате некоја компанија или пак индивидуално лице што се занимава со производство на ѓубриво, повикајте ги да го соберат органскиот отпад или сами однесете го, ќе ви биде наплатена само симболична цена. Со тоа што веќе на некој начин го рециклирате отпадот, вие веќе сте придонеле за зачувување на животната средина.

Погледнете ја и оваа куќа со небесна градина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар