Како од 1 килограм портокали да направите 10 литри сок?
Сокот од портокал е еден од најпопуларните пијалаци во целиот свет. Но, не мора да го купувате, туку можете да го направите и сами. Овој сок е идеален за сите забави и детски родендени. Станува збор за само 3 состојки, а од еден килограм портокали ќе добиете 10 литри сок.
Потребни состојки:
- 1 килограм портокали
- 1 килограм шеќер
- 6 грама лимонска киселина
- 9 литри вода
Начин на подготовка:
Портокалите добро измијте ги и ставете ги во лонец, наполнете ги со вода за да се прекријат и оставете ги да отстојат преку ноќ. Идниот ден фрлете ја водата, а портокалите заедно со кората исечете ги на коцки.
Зовријте 1 литар вода и во неа ставете лимонска киселина и парчињата портокал. Варете од 20 до 30 минути. Тргнете го лонецот од оган и со рачен миксер измешајте ги состојките во лонецот. Оставете течноста малку да се олади и потоа додајте ги и преостанатите 8 литри вода.
Добиениот сок сипете го во чисти стаклени шишиња и уживајте во вкусната напивка.
Дополнителен совет:
- Ако не сакате многу сладок сок, намалете ја количината на шеќерот, па наместо еден килограм употребете 700 грама шеќер.
- Ако не сакате парчиња портокал во сокот, исцедете го пред консумирање.