Како новото домашно милениче може да ви го смени односот со партнерот?

Како новото домашно милениче може да ви го смени односот со партнерот?

Според психолозите, домашниот миленик е одличен начин да ја тестирате својата врска ако почнете да размислувате за нешто повеќе, како венчање или дете. Но, имајте на ум дека и овој чекор е исто толку голем како и свадбата и бременоста, и ќе има големо влијание на вашиот однос. Пред да се одлучите на тој чекор, прочитајте го овој текст.

1. Вашите одлуки ќе станат помалку спонтани

Кога живеете со домашен миленик, вашето секојдневие ќе биде многу поиспланирано од претходно. Веќе нема да можете да излезете одма после работа или спонтано да отидете на викенд на море. Вашето милениче нетрпеливо ќе ве чека пред врата, па ќе треба да бидете таму за него, да го нахраните, да го прошетате и да си поиграте со него.

2. Мора да ги поделите обврските

Со новиот домашен миленик следуваат и големи обврски, чие завршување ќе мора да биде соодветно распределено меѓу вас. Еден ќе треба да се погрижи за утринските прошетки, друг за чистењето на домот. Со грижата за миленикот и двајцата ќе станете многу поорганизирани и поодговорни.

3. Животот ќе ви биде позабавен

Домашните миленици се најдобрите антидепресиви. Со самата своја појава тие можат да развеселат секого. И што би можело да биде подобро од заедничкото смеење за будалестото нешто што вашето милениче го направило пред вас?

4. Ќе имате помалку слободно време

Заборавете на дополнителните 15 минути што претходно ги минувавте гушкајќи се наутро во кревет – сега ќе мора да излезете надвор за да го прошетате вашиот миленик. Исто така, получасовното фотографирање за Инстаграм ќе се скрати за половина, бидејќи ќе мора да подготвите оброк и за вашето милениче.

5. Може да се појави љубомора во односот

Понекогаш дури и ова се случува. Еден од партнерите може да почувствува љубомора поради времето што другиот го минува со домашниот миленик. Тоа обично се случува во првите денови кога не сте навикнати на промените што се случиле. Потребно е само малку трпение и нештата брзо ќе се вратат во нормала.

Прочитајте и за овие 10 работи во домот што се многу опасни за вашето домашно милениче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар