Како непријатното молчење да го свртите во своја корист?

Како непријатното молчење да го свртите во своја корист?

Понекогаш се случува да се најдеме во толку непријатна ситуација што единственото решение кое во тој момент ни се чини прифатливо е исчезнување или отворање на земјата, но за жал, тоа не е можно. Па затоа, без разлика дали непријатноста настанала за време на состанок или интервју за работа, постои можноста тие моменти всушност да ги насочиме во сопствена корист. Оваа идеја ја изнела Мелиса Дал, автор на книгата „Теорија на непријатноста“ (Cringeworthy: A Theory of Awkwardness), која смета дека никој не треба да страда во тишина.

Како непријатното молчење да го свртите во своја корист?

Според неа, непријатното молчење трае околу четири секунди, што не е долго време, но споредено со времето за одговор при вообичаен разговор (половина секунда), може да изгледа како да трае неколку минути. Кога разговорот се одвива непречено, тоа е знак дека се воспоставила добра комуникација и меѓусебно разбирање на соговорниците, а наглото замолчување дава сигнал дека нешто можеби е погрешно кажано, па дури и дека со некоја реченица сме го повредиле другиот. Поради тоа и се појавува чувство на непријатност, но вистината е дека токму тие паузи може да ги употребиме во своја корист и тоа во следниве три чести ситуации:

1. На љубовен состанок

Без разлика дали се работи за редовен состанок насамо со партнерот или пак со некого кого штотуку сте го запознале, последно нешто што е потребно е непријатна тишина. Нервозата и напнатоста се присутни, особено ако се работи за први состаноци. Кога ќе настане таква ситуација, најдобро е да се реагира веднаш штом ќе се препознае, со поставување на некое навидум банално прашање, кое може да го „отвори“ разговорот во повеќе насоки, па дури и за подлабоки теми. Ова може да помогне за побрзо воспоставување на близина.

Како непријатното молчење да го свртите во своја корист?

2. За време на телефонски разговор

Непријатното молчење во оваа ситуација е уште потешко, поради тоа што соговорниците не се гледаат, па немаат претстава за изразот на лицето на другиот. Истото се случува и со пишаните разговори, кои често може да бидат погрешно протолкувани токму поради недостигот на комуникација лице во лице. Но, може брзо да реагира доколку се остане присебен и ако разговорот продолжи без да се покажат знаци на паника и треперење на гласот. Продолжете да зборувате со самодоверба, за да се надмине непријатноста.

3. За време на тежок разговор

Разговорите за чувствителни теми може да предизвикаат вистински емоционален стрес, кој потоа може дополнително да ги влоши комуникациските способности. Во ваков случај секој треба да се сети дека личноста е посилна од емоцијата и во тие неколку секунди да не дозволи да биде совладана. Тремата исто така може да го направи разговорот уште потежок и потензичен. Непријатното молчење може да се надмине доколку истото не се сфаќа како негативна страна на разговорот. Во ваквите комплицирани моменти, тензичното молчење дава знак на соговорникот дека ви е важно проблемот да биде решен и надминат.

Прочитајте повеќе и за овие 8 начини како да ги олесните тешките разговори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар