Како навреме да ја препознаете астмата?
Астмата е хронична болест на дишните патишта која предизвикува проблеми при дишењето, а може да се појави на различни начини. Главниот механизми кој предизвикува симптоми на астма е сложена имунолошка реакција на нашиот дишен систем на разните алергени од опкружувањето.
Она што треба да го знаете е дека астмата настанува без предупредувачки знаци, а симптомите не се исти кај сите. Астмата може да биде предизвикана од разни алергии, телесна активност, чад од цигари, мирис од продукти за чистење, загаден воздух и слично. Најчесто симптомите се влошуваат во текот на студените зими, при физичка активност, изложеност на чад, настинки, силни емоции и стрес. Можете да ги контролирате симптомите на астма само доколку водите здрав живот и ги избегнувате потенцијалните „активирачи“ на болеста. Во продолжение погледнете ги првите симптоми кои можеби укажуваат на астма.
1. Кашлање
Кашлањето е чест симптом на настинка и грип. Но доколку кашлањето често се повторува и се влошува во текот на ноќта или утринските часови, може да биде и знак за астма.
2. Звук или зуење при дишењето
Ова е чест симптом кај респираторните нарушувања. Доколку забележите каков било невообичаен звук при дишењето, веднаш одете кај вашиот лекар.
3. Губење воздух
Доколку при одење чувствувате како да ви недостасува воздух, добро би било да отидете на лекар за да ја откриете причината за ова. Некои луѓе ги чувствуваат овие тешкотии дури и при зборување.
4. Стегање во градниот кош
Доколку чувствувате стегање или притисок во вашите гради, тоа може да биде некој од првите симптоми на астма. Понекогаш се појавува и тапа болка.
По изложеноста на алергени или ризични фактори за астма, симптомите се јавуваат нагло или, во поретки случаи, се развиваат во текот на неколку часови или денови. Класичните симптоми на напад на астма се кашлање, отежнато дишење и зуење во градите и белите дробови. Пред почетокот на нападот можно е да се појават и иритација на носот и грлото.
Некои луѓе најпрво чувствуваат притисок во градите и болка или кашлаат. Нападот обично започнува со забрзано дишење. Како што се влошува дишењето, сите мускули за дишење се активираат. Мускулите на вратот се затегаат, со што говорот станува отежнат или невозможен. Крајот на нападот најчесто е обележан со искашлување густа слуз. Најчесто астмата се влошува навечер, а нападите се појавуваат помеѓу 2 и 4 часот наутро.
Пробајте го и овој народен лек за лечење астма и други проблеми со белите дробови.