Како навистина изгледа животот со анксиозност?
Анксиозноста има една цел – да ги уништи луѓето. За жал, понекогаш успева во тоа. Анксиозноста може да ви ја „украде“ способноста за дишење и да ве парализира. Но понекогаш таа може да ве уништува и без да знаете што се случува. Анксиозноста не е секогаш очигледна преку симптоми како тешкотии со дишењето.
Понекогаш анксиозноста е кај личност која само седи
Ова е личност која изгледа како да мечтае кога всушност страда од својот кошмар. Анксиозноста не се гледа секогаш однадвор, дури и ако ви се руши целиот свет. Таа е составена од брзи мисли и ирационални стравови кои се трупаат во вашиот мозок. Не можете да ја видите освен ако не влезете во главата на таа личност.
Понекогаш тоа е личност која се расправа со луѓето што ги сака
Ова однесување и расправање е поради гнев. Десет минути подоцна им е жал за зборовите што ги кажале, а вината што ја чувствуваат е огромна. Анксиозноста е постојано поставување на прашањето „Што ако?“ и постојано замислување на најлошите сценарија сè додека не се убедите дека само тие имаат смисла.
Понекогаш тоа е параноична личност кога нема причина за тоа
Анксиозноста е трчање до дома за да ја исклучите рерната, иако веќе е исклучена. Тоа е проверување повеќепати дека автомобилот е заклучен пред да се убедите во тоа. Таа е анализирање на секој збор што го кажал некој и постојаната грижа дека сите ве мразат. Анксиозноста е размислување за сите разговори што сте ги имале и стравот дека сте кажале нешто погрешно.
Понекогаш тоа е личност која ја брка љубовта наместо да ѝ дозволи да ѝ помогне
Анксиозноста е верување дека не заслужувате љубов, па дури и заборавате да се сакате самите. Тоа е страв дека ќе ги изгубите сите околу вас. Тоа е верување дека некои работи се премногу добри за да бидат вистинити и тоа е чувство на страв кога сите околу вас се среќни. Тоа е чекање на следната катастрофа, иако сè во ред.
Понекогаш анксиозноста не се гледа, но секогаш се чувствува
Дури и во најсреќните моменти, анксиозноста е присутна. Понекогаш анксиозноста е отежнато дишење, но понекогаш е и насмевка. Понекогаш тоа е личност која зборува со голема група луѓе, понекогаш тоа е личност кој ја покажува својата страст и создава неверојатна уметност. Анксиозноста ги напаѓа и луѓето кои најмалку очекувате.
Понекогаш анксиозноста ги преплашува сите околу нас додека се бориме за воздух, но понекогаш не се ни познава, па дури и најблиските не можат да кажат што се случува. Токму поради ова, анксиозноста е најголемиот уништувач од сите.
Погледнете како изгледа анксиозноста низ неколку моќни фотографии.