Како најубаво да се подготвите за уживање во пролетта?

Како најубаво да се подготвите за уживање во пролетта?

Пролетта веќе пристигна. Време е да излезете надвор, на чист воздух и да се наполните со свежина и нова енергија. Во продолжение, ви нудиме 7 предлози за како најдобро да се подготвите за пролетта и целосно да уживате во ова годишно време.

Како најубаво да се подготвите за уживање во пролетта?

1. Средете го домот

Пролетта е совршено време за темелно чистење на домот. Направете го тоа и дозволете си неколку мали промени со декорирањето. Тоа на домот ќе му даде нов и свеж изглед. Ако пак имате градина, средете ја тревата и посадете нови дрвца и цвеќиња. Сите тие бои ќе направат навистина да ја почувствувате пролетта.

2. Одете на шопинг

Да, продавниците веќе се полни со пролетни и летни колекции кои чекаат на вас. Пролетта е одлично време за шопинг. Покрај пролетните парчиња облека, ќе најдете и многу производи од зимската колекција по намалена цена.

3. Вратете се во форма

Пролетта е време кога треба да се вратите во форма. Запишете се на пилатес, зумба или друг вид физичка активност. Посетете ја теретаната, а доколку сте во можност изнајмете си и личен тренер. Исто така, добар начин за симнување килограми би биле и прошетките на убавото време или возењето велосипед во природа.

Како најубаво да се подготвите за уживање во пролетта?

4. Одете во спа-центар

Одењето во спа-центар дејствува неверојатно врз кожата, но и врз умот. Дозволете си масажа и релаксирајте се. Потоа, следи педикир и некој убав третман за коса. Да, овие работи можеби ќе ве чинат малку повеќе, но верувајте дека резултатите ќе бидат воодушевувачки.

5. Јадете повеќе зеленчук и овошје

Пролетта е одлично време за уживање во сите видови овошје и зеленчук. Наместо да ги правите вообичаените рецепти, зошто да не испробате некои нови, поздрави методи на исхрана? Тоа ќе ви направи детоксикација на организмот, а истовремено ќе се чувствувате поздраво и повитално.

6. Направете торта

Да, ова можеби звучи малку контрадикторно, но едно парче торта понекогаш и не е на одмет. Не бидете престроги со здравата исхрана и вежбањето и дозволувајте си вакви слатки луксузи. На пример, можете наместо шеќер, да користете мед. Наместо бело брашно, да употребите интегрално. Така ќе уживате во процесот и нема да имате грижа на совест за преголемиот број калории.

Како најубаво да се подготвите за уживање во пролетта?

7. Преуредете го плакарот

Ослободете се од непотребните парчиња облека во гардероберот, кои само ви зафаќаат непотребно место. Она што веќе не ви треба, донирајте го во добротворни цели. Зимските парчиња облека складирајте ги во еден куфер. Плакарот уште веднаш ќе изгледа посредено и поорганизирано.

Па, што чекате? Време е да започнете со реализирање на овие предлози и вистински да уживате во пролетта!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар