Како најефикасно да го нагласите волуменот на усните?
Не ви е потребна ниту пластична операција ниту инјектирање на разни хемиски препарати за да направите вашите усни да изгледаат како оние на познатите светски ѕвезди. Доволно е да ги знаете следниве неколку трикови и ќе изгледате фантастично.
Првиот чекор до визуелно пополни усни е: на средината на горната и долната усна ставете малку коректор за усните да станат посветли на тој дел.
Потоа со молив за усни следете ја контурата на усните или оцртајте ги малку погоре од природната линија. Ова го правите со моливче кое е за нијанса потемно од бојата на вашите усни или кое се поклопува со бојата на избраниот кармин.
Што се однесува до изборот на бојата на карминот, битно е да избегувате темни и ладни нијанси.
Ставете светол или провиден сјај за усни на истите места каде претходно го ставивте коректорот и инстантно ќе добиете впечаток на поголеми усни. Најдобри се розовите сјаеви, бидејќи сјајните бои и хидратантните формули најмногу ја рефлектираат светлината, притоа правејќи ги вашите усни визуелно пополни. Она што на крајот можете да го направите е да ставите малку хајлајтер над срцевидниот агол на горните усни.