Како може законот за привлечност да ви го направи животот поромантичен?

Како може законот за привлечност да ви го направи животот поромантичен?

Дали посакувате вашиот живот да биде поромантичен? Сите мажи и жени ја имаат оваа желба. Доколку веќе некое време се обидувате да најдете партнер или подолго време сте во сериозна врска, веројатно сте свесни дека одамна никој не ве одвел на седмо небо. Додека гледате романтични комедии сигурно се прашувате: „Зошто мене никогаш не ми се случило тоа?“, „Зошто никој не ми купува цвеќиња, не ми пишува поезија и не ме гледа на тој начин?“

Како може  законот за привлечност да ви го направи животот поромантичен?

Па, како би можеле да ги направите вашата врска и секојдневниот живот поромантични? Одговорот лежи во вас самите. Вие треба да го повикате законот за привлечност. Доколку не сте запознаени со овој закон, станува збор за филозофија претставена преку зборовите „тоа што го мислите, тоа го привлекувате“.

Секоја енергија што ја шириме, привлекува енергија со сличен интензитет. Ако зрачите со негативност, универзумот ќе ви ја испрати истата таа негативна енергија назад. Истото важи и за позитивноста.

Можеби не постојат научни докази за овој закон, но има голем број книги кои ја обработуваат оваа тема, бидејќи звучи навистина логично од филозфоски аспект. Според законот за привлечност, она што му го давате на светот, тоа и ќе го добиете. Тоа се однесува и на љубовниот живот.

Доколку ви недостасува романтика во животот, запрашајте се дали вие сте романтични. Дали вие му симнувате ѕвезди на партнерот? Дали му пишувате поезија, му приредувате романтични вечери и ненадејно му се појавувате на врата со чоколадо и шампањ?

Како може законот за привлечност да ви го направи животот поромантичен?

Доколку не давате сѐ од себе за да збогатите нечиј живот со романтика, зошто некој би го правел тоа за вас? Романтиката не е нешто што треба само пасивно да го добивате. Романтиката е двонасочна улица.

Доколку сметате дека во животот ви недостасува романтика, единственото решение за проблемот е вие самите да станете романтични. Треба да му покажете на универзумот какви романтики би сакале да доживеете преку ваш личен пример. Покажете му на партнерот точно каква романтика посакувате. Угодувајте му, храбро изјавувајте ја вашата љубов и организирајте емотивни љубовни состаноци.

Секако дека треба да ги прилагодите вашите гестови на неговиот карактер. Доколку вие обожавате масажи, но вашиот сакан не може да ги поднесе, немојте да закажувате масажа за парови само затоа што сакате да му покажете дека навистина би сакале повеќе масажи во иднина.

Треба да го покажете истото внимание што и вие посакувате да го почувствувате. Бидете романтични и инспирирајте го партнерот да ви возврати на истиот начин. Ако навистина се трудите, но не ја добивате посакуваната повратна реакција, можеби универзумот сака да ви каже дека оваа врска не може да ви го пружи она што ви треба.

Законот за привлечност не подразбира привлекување само на нови луѓе и искуства. Тој подразбира и привлекување на работите што ги посакувате во животот, вклучувајќи ја и љубовта. Ако ви треба повеќе романтика во животот, покажете му на светот колку сте вие самите романтични. Оваа едноставна стратегија многу ќе ви помогне кога ќе го пронајдете вистинскиот партнер за вас и ќе ве увери дека љубовта што ја гледате на филмовите навистина постои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар