Kако може да ти се допаѓа баш тој дечко?
Автор: Маја
Факт е дека девојките се пребирливи, но и машките не ни даваат подобар избор – реченица која често може да се слушне на утринското кафе. Откако поминала „важната“ вечер, девојките најчесто коментираат „Како може да ти се допаѓа баш тој дечко?“ Треба да сфатиме дека девојките не секогаш знаат што треба да се цени кај еден дечко. Затоа, оваа листа може да им помогне да донесат правилна одлука:1. Доколку ви се доближи некој тип, тој треба внимателно да ве оттргне од него, но не да го направи тоа како да ве „поседува“.
2. Внатре во дискотеката се наоѓаат неговите другари. Тој треба културно да ве претстави пред нив.
3. Доколку тој ви ја отвори вратата од автомобилот, тоа е добар гест. Покажува почитување кон вас и вашата женственост.4. Вашиот разговор е само ваш. Секое негово прекажување, може да биде разбрано на погрешен начин и да придонесе кон донесување лош впечаток.
5. Дечкото треба да знае дека не смее да ја споредува девојката со неговите бивши.
6. Доколку вашите другарки ве придружуваат вечерта, дечкото не треба да ги игнорира и да ве одделува од нив. Напротив, тој треба да се потруди да остави добар впечаток кај нив бидејќи на утрешниот разговор ќе се анализира секоја негова постапка.7. Тој треба да биде отворен за нови идеи и да прифаќа авантури. Во спротивно, во брзо време со него би ви станало монотоно.
8. Треба да дава комплименти, но не да претера со нив бидејќи девојката ќе помисли дека тој ја лаже.
9. На првиот состанок е доволен само бакнеж. Избрзувањето на работите, според девојките е сосема негативно.10. Порака за добра ноќ или известување дека убаво си поминал вечерта со вас е голем плус за освојување на срцето.
Се надевам дека им помогнав на машките, полесно да ги освојуваат девојките. Исто така, овие 10 точки ќе им бидат од корист на девојките за да не ги пропуштаат добрите момци, кои можеби се пред нивните очи, како и правилно да ги вреднуваат нивните постапки.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
znaci 10-kata vi e vrv…vo koj vek ziveete aloooo?? :)))
soocete se so realnosta 🙂
Mislam deka ti treba da se soocis so realnosta, veruvala ili ne takvi maski postojat. pozz
potpolno se soglasuvam so tebe “Girl“ :))