Како медитацијата може да ви помогне во донесувањето одлуки кога се сомневате во себе?

Како медитацијата може да ви помогне во донесувањето одлуки кога се сомневате во себе?

Голема е веројатноста да се чувствувате како навистина неодлучна личност. Но добро е што медитација може да ви помогне да донесувате одлуки. Медитацијата е навистина популарна, а постојат и многу докази кои ги потврдуваат придобивките од неа. На пример, едно истражување од лабораторијата „UCLA“ покажало дека медитацијата навистина го зајакнува мозокот и ја подобрува способноста за јасно размислување.

Како медитацијата може да ви помогне во донесувањето одлуки кога се сомневате во себе?

Истражувачите ги скенирале мозоците на 50 луѓе, 28 мажи и 22 жени и ги споредувале со скенирањата од луѓе кои не медитирале. Резултатите се малку комплицирани, но во главно истражувачите откриле дека редовното медитирање ја менува структурата на мозокот. Овие промени водат до подобро размислување и полесно донесување одлуки.

Според Вероника Паркер, јога учител и тренер за медитација, кога станува збор за донесувањето одлуки, медитацијата може да ви помогне да го смирите и да го исчистите вашиот ум.

„Кога ќе се ослободите од внатрешниот џагор, вашиот ум ќе стане почист и полесно ќе се фокусирате на дадената одлука.“

Покрај тоа што го смирува вашиот ум, медитацијата ви овозможува да се ослободите од вашето его и од вашиот внатрешен критичар. Овој глас кој ве тера да се сомневате во себе понекогаш може да ве парализира и да не ви дозволи да се држите до некоја одлука. Ова може да важи и за наједноставни работи, како одлуката што да јадете за ручек.

Во основа медитацијата ви помага да ја зголемите вашата самодоверба кога донесувате одлуки.

„Ослободувањето од сомнежот во себе е најдобрата придобивка од редовната медитација. На овој начин си верувате себеси и важните одлуки што ги донесувате во животот“, додала Вероника.

Она што е најважно е редовно да медитирате. Со други зборови, не може да медитирате само еднаш и да чекате да ви се решат сите проблеми. Единствениот начин да ги почувствувате придобивките е да го практикувате она што сте го научиле.

Се разбира, постојат стотици начини на медитирање и ниту еден метод не е погрешен или правилен. Најважно е што сметате дека е добро за вас. Ако не знаете од каде да почнете, јога учителката Сузан Шумски смета дека најдобриот метод на медитација за донесување одлуки е развивање на вашата интуиција.

Почнете со тоа што ќе седнете и ќе ги затворите очите. Вдишете длабоко неколку пати. Вдишувајте длабоко и бавно низ носот, а издишувајте низ устата. Со секој здив замислувајте си дека се релаксирате сè повеќе и повеќе. Секој пат кога издишувате замислете си како се ослободувате од стресот и од анксиозноста.

По 5 вдишувања и издишувања, ќе почнете да се чувствувате многу подобро, центрирано и балансирано. Штом ќе стигнете до таа фаза, можете да ја продолжите медитацијата со нормално дишење.

Но, ова не е сè. Според Шумски, најдобриот начин да го извлечете максимумот од оваа медитативна состојба е гласно да си го поставите прашањето: „Дали е најмудро да направам…?“ Според неа кое прашање и да го поставите во овој момент, ќе биде одговорено од вашето „повисоко јас“. Можеби ви звучи чудно, но главната идеја овде е да го исчистите умот доволно за да ја почувствувате самодовербата и да не се двоумите кога ќе се соочите со тешки одлуки и мисли. Па можеби вашето прашање ќе биде за работното место, партнерот или што и да е што ви претставува проблем во моментот.

Откако ќе размислите за прашањето извесен период, вдишете длабоко и направете го она што Шумски го нарекла „програма за правење ништо“. Ова значи да правите што е можно помалку и да немате никакви очекувања за одговорот на прашањето што сте го поставиле. Со други зборови, заборавете сè, бидете неутрални и прифатете го одговорот. Немојте да се обидувате да го најдете одговорот, туку дозволете му самиот да се појави.

„Одговорот ќе се појави како визуелна импресија, како зборови или како чувство. Побарајте и ќе добиете“, објаснила Шумски.

Доколку мислите дека не можете да медитирате, пробајте ги овие одлични совети за почетници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар