Како љубезноста може да ви помогне да постигнете внатрешен мир?
Ако сакате да бидете гласот на мирот во светот, почнете така што ќе го направите мирот постојан во својот живот. Вие веќе знаете како да го направите тоа, длабоко во себе, па сè што ви е потребно е проширување на свесноста и одлучност за да го чуете повикот на љубовта, простувањето и добрината. Следуваат неколку идеи за кои можете да размислите…
1. Мора да понудите мир за да го добиете
Размислувајте за себе како мирољубива личност. Обрнете внимание на несвесното наметнување на егото и начинот на кој тоа може да ви предизвика судир со околината. Обидете се да си кажувате: „Денешниов ден ми е предизвик“, наместо: „Не ми се верува дека 15 минути чекам во ред!“ Дозволете ѝ на љубовта да ги води вашите дела, а не на егото.
2. Запомнете дека жалењето носи само немир, додека пак комуникацијата е клучна за мир
Можете да се ослободите од жалењето така што ќе заборавите на навиката да „впивате“ сè во себе. Добро е и да почнете да вежбате да простувате. Ако сте лути некому, работете на тоа да комуницирате со оваа личност и да го решите проблемот. Доволни се само неколку моменти поминати во расправање за да ви повикаат немир во животот што со денови може негативно да ви влијае така што ќе ви создава анксиозност.
3. Подарете си моменти само за себе, секојдневно
Иако станува збор за само неколку моменти, во денот ова е клучно за проширување на свесноста. Исклучете ги внатрешните дијалози и повикајте си го внатрешниот мир. Ова е најсигурниот начин да ја ослабите контролата на егото и да се придвижите кон внатрешната визија за мирот што е ваше право од раѓање.
4. Потсетете се дека најдобрата техника за мир во животот е да бидете љубезни
Без разлика на тоа со што се соочувате, ова е единствениот и најефикасниот метод за побудување на чувството за мир. Ако се научите постојано да пристапувате и да одговарате љубезно, не постои сила што ќе ви го наруши внатрешниот мир што љубезноста со себе го носи. Мирот доаѓа кога ќе станете онаа личност што лечи, а не онаа што суди!
Пронајдете го внатрешниот мир и според вашиот хороскопски знак!