Како ќе го изгубите момчето кое никогаш не ве ценело?

Како ќе го изгубите момчето кое никогаш не ве ценело?

На почетокот ќе му дозволите да ве третира како резервен план, како втор избор. Нема да го барате дури и кога ќе му бидат потребни денови за да ви одговори. Нема да се жалите кога во последен момент ќе ви откаже. Нема да сакате да изгледате премногу приврзани или очајни, па ќе си молчите. Нема да му одржувате лекции и да почнувате сцени.

kako-kje-go-izgubite-momcheto-koe-nikogash-ne-ve-cenelo-kafepauza.mk

На почетокот ќе внимавате колку често му викате дека ви недостига и колку често го каните на пијачка бидејќи не сакате да го избркате. Не сакате да го исплашите.

Колку и да ги мразите овие игри, сепак ќе ги играте. Нема да му кажете колку всушност се грижите. Се обидувате да се забавувате. Нема да го прашате како се чувствува за вас, ниту пак да барате да го запознаете неговото семејство. Ќе бидете трпеливи. Ќе им дозволите на работите сами да се одвиваат.

Но еден ден ќе сфатите дека ви е доста. Предолго сте флертувале. Предолго сте пишувале пораки. Многу долго сте си испраќале мешани сигнали. Ќе ви биде потребен знак дека и тој се грижи за вас. Ќе ви биде потребно да се посвети бидејќи долго време сте чекале врска и сметате дека треба работите да станат официјални. Ќе мислите дека чекате предолго. Ова е моментот кога ќе го изгубите.

Ќе го изгубите кога ќе почнете да очекувате да ги стигне вашите стандарди. Кога ќе очекувате да ви напише порака секое утро. Кога ќе очекувате да одите на љубовен состанок секој викенд. Кога ќе очекувате да ве претстави како негова девојка.

Ќе го изгубите кога ќе го замолите да ви биде верен и да престане да им се додворува на други девојки.

Ќе го изгубите кога ќе признаете дека сакате нешто сериозно. Кога ќе му кажете да биде ваше официјално момче. Ќе го изгубите кога ќе го замолите да ве третира со истата почит со која го третирате и вие. Ќе го изгубите кога ќе побарате вистинска врска бидејќи тој никогаш не бил заинтересиран за припитомување. Тој само сакал да ве третира како негова девојка без обврските. Го сакал вашето внимание, комплименти, бакнежи, но никогаш не сакал да се врзе. Не сакал да ви даде ништо за возврат. Само сакал да зема.

Ќе го изгубите бидејќи тој нема да сфати колку е среќен што имал шанса со вас. Бидејќи повеќе сака да си ги држи опциите отворени отколку да биде со девојка која ќе му го направи животот целосен.

Погледнете и кои се разликите помеѓу вистинската љубов и привлекувањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар