Како изгледаат високите потпетици со кои ќе бидеме опседнати оваа пролет?
Оваа година ќе носиме еден посебен модел, кој повторно го наоѓа своето место на модната сцена, а ние мораме да признаеме дека многу му се радуваме.
Станува збор за високите потпетици на врзување, без разлика дали тие имаат тенка или дебела штикла. Сепак тоа зависи од приликата, од вашиот стил, како и од способноста да одите во истите. Бројните дизајнери, исто така се полудени за овие високи потпетици, а тоа го покажаа во своите пролетно-летни колекции, како на пример славниот Живанши.
И бројните славни девојки, богерки и трендсетерки го прегрнаа овој тренд, кои сѐ почесто ќе ги гледаме откако надвор ќе се затопли. Тие ги одбираат во разни прилики и комбинации, без разлика дали станува збор за кожни панталони, фармерки, пресирани здолништа, фустани и слично.
Веруваме дека веќе имате еден пар во вашиот плакар, но кога станува збор за еден од омилените модни додатоци на припадничките на понежниот пол, тогаш повеќе пара нема да претставуваат проблем.
Продолжете на следната страница за да погледнете на кој начин можете да ги комбинирате овие високи потпетици со остатокот од вашата гардероба.