Како изгледа сакањето девојка чијшто татко е оддалечен од неа?
Кога ќе се состанувате со девојка чијшто татко не е во нејзина близина, очекувајте таа секогаш да се сомнева во вас. Таа ќе се сомнева во моментите кога ќе ѝ кажете дека ја сакате, кога ќе се појавите пред нејзината врата со букет цвеќе, само затоа што сакате да направите да се почувствува посебно. Таа ќе се сомнева дали навистина сакате да го поминете остатокот од животот со неа, без разлика колку пати имате ѝ го повторено тоа.
Нејзиниот татко никогаш немал главна улога во нејзиниот живот, па верувањето дека „Таткото е првата љубов на својата ќерка“, нејзе ѝ е непознато. Поради тоа, таа има голема надеж и сака да верува дека постои љубовта и дека постои маж кој ќе ја смета за вредна и достојна за сакање. Но во моментот таа верува само во тоа дека ниту еден маж на планетата нема да ја сака, бидејќи нејзиниот татко бил емоционално оддалечен од неа. Сепак, и покрај сѐ, не треба да ја сожалувате. Таа е посилна од многу други девојки кои не почувствувале какво било разочарување од нивниот татко, па може да ја издржи речиси секоја емоционална болка. Таа е најсилната и најпосветената личност којашто некогаш сте ја запознале, затоа што во својот живот има научено да се бори. Таа е независна затоа што совршено научила дека не може лесно да се потпре на никого. Ваквата девојка постојано сака да биде заштитена во вашата прегратка, иако можеби никогаш нема да ви го признае тоа.
Таа во себе има и надеж затоа што има научено дека и покрај сѐ, во личностите постои и некоја добра страна, па токму поради тоа никогаш нема да се откаже од вас. Таа ќе ве сака длабоко и искрено, затоа што освен што отсуството на нејзиниот татко ѝ го направил животот тежок, сепак, на некој начин тоа ѝ го омекнало срцето. Иако понекогаш ќе ви биде тешко да ја разберете, со текот на времето ќе откриете колку сте среќни што имате токму ваква девојка покрај себе!