Како изгледа појадокот на најздравите луѓе во светот?
Дали една од вашите цели за 2017 година е да почнете да се храните здраво? Можеби тоа ви изгледа малку комплицирано, но вистината е дека не мора да држите диети и да купувате посебни производи за да го смените начинот на исхрана. Сосема е возможно да се храните здраво, а притоа да не се откажете од вкусниот појадок. Во продолжение прочитајте што појадуваат најздравите луѓе во светот…
Пржени јајца во авокадо
Овој вкусен појадок е богат со протеини и здрави масти и дефинитивно ќе ги задоволи вашите сетила. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Исечете го авокадото на половинки и отстранете ја содржината за да добиете по две лажици авокадо од секоја половина. Истурете го јајцето во двете половини, додадете домати, сол и бибер за вкус и декорирајте со различни зеленчуци. Сето ова ставете го да се пече 20-22 минути.
Овошје и потпечено лепче со путер од бадеми и салама
Многумина мислат дека оваа комбинација е премногу чудна. Но, станува збор за навистина вкусен и хранлив појадок.
Јајца и авокадо на потпечено лепче и боровинки
Потпечете црно лепче, на него намачкајте пире од авокадо и јајце испржено на тивок оган. Зачинете го сето тоа со свежи зеленчуци и црвен пипер. Боровинките и зеленчуците се одлични антиоксиданси, а црвениот пипер го стимулира циркулаторниот систем.
Смуди од боровинки и ѓумбир
Овој појадок нуди совршена комбинација од протеини, масти и јаглехидрати. Боровинките и ѓумбирот се полни со витамини кои се корисни за вашиот вид и имунитет.
Овошје, зеленчук и хранливо лепче
Појадувајте потпечено лепче со путер од бадеми, пасирано авокадо, сончоглед и сусам. Можете да додадете и смуди од зеленчуци на менито за појадок. Овошјето и зеленчукот се задолжителни за здрав почеток на денот.
Кајгана со рукола
Кајганата и зелените зеленчуци се одличен извор на протеини и витамини.
Продолжете на следната страница за останатите вкусни предлози за појадок…