Како изгледа појадокот на најздравите луѓе?

Како изгледа појадокот на најздравите луѓе?

Луѓето кои се обидуваат да изгубат килограми или да ја одржат формата, јадат храна со ограничена количина на прехранбени производи. Тешко е да се одржи оваа исхрана на подолг рок и поради тоа овие луѓе со текот на времето повторно се здебелуваат. Од друга страна, пак, луѓето кои ја одржуваат здравата тежина без да се откажуваат од одредени видови храна имаат подобро здравје и водат поквалитетен живот.

Како изгледа појадокот на најздравите луѓе?

Истражувачкиот центар од Финска ги проучувал прехранбените навики на 147 здрави луѓе со здрава тежина во период од 4 месеци. Истражувачите, на чело со доктор Ана Лина Воринен, откриле дека здравите луѓе за појадок обично јадат три вида прехранбени производи. Овошјето било најпопуларниот избор на 51% од испитаниците, 41% јаделе млечни производи, додека, пак, консумацијата на овесни снегулки, житарки или мусли со ладно млеко ги одбрале 33% од испитаниците. Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извори на непотребни калории, дури 32% од испитаниците го започнувале денот со овој вид храна.

Најинтересно е тоа што само 26% од испитаниците признале дека заедно со појадокот пијат кафе, додека останатите 74% тврделе дека одат на работа и ги извршуваат своите обврски без кофеинска помош.

„Наместо да се ограничува исхраната и да се одбегнува омилената храна, прекумерната тежина и дебелеењето може да се спречи ако поединецот научи да ги слуша потребите на неговиот организам и му даде предност на квалитетот, а не на квантитетот на оброкот“, Ана Лина Воринен ги објаснила резултатите од истражувањето.

Почнувајќи од денес, обидете се наредната недела да го почнувате денот со некои од препорачаните видови прехранбени производи и веднаш ќе забележите промени во вашето здравје. Подгответе си здрав и вкусен појадок и нападнете го денот со ентузијазам!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар