Како храната влијае на кожата? Проверете што да јадете за убава кожа

Како храната влијае на кожата? Проверете што да јадете за убава кожа

Правилната и урамнотежена исхрана е важна за здравјето и влијае на многу системи во организмот, од имуниот до кардиоваскуларниот и дигестивниот систем. Сѐ уште се прават истражувања како исхраната влијае на кожата, но од она што е досега познато знаеме дека има огромна улога.

Како храната влијае на кожата? Проверете што да јадете за убава кожа

„Исхраната влијае на сите делови од телото, вклучувајќи ја и кожата. Промените во текстурата, бојата, температурата и степенот на сувост на кожата се меѓу првите знаци за дефицитна исхрана. Балансираната диета која вклучува овошје, зеленчук, протеини, здрави масти и комплексни јагленихидрати обезбедува хранливи материи кои ѝ се потребни на кожата за раст и обнова“, – објаснува диететичарот и основачот на „Flourish Heights“, Валери Аџимен.

Важно е да се напомене дека некои кожни состојби како акните и брчките се генетски и исхраната нема никакво влијание на нив. Но други, на пример акните предизвикани од хормони, егземата, псоријазата и розацеата, можат да бидат под влијание на исхраната. Многу кожни заболувања се поттикнуваат од воспаление, а одредена храна може да ја зголеми или намали воспалителната реакција.

Па, дали е тешко да се променат некои навики во исхраната за да се подобри изгледот и здравјето на кожата? Секако нема да боли доколку додадете некои хранливи материи во оброците кои можат да ги намалат воспалителната реакција и оксидативниот стрес и да промовираат хормонален баланс. Еве дел од нив:

1. Масна риба

Таа е огромен извор на омега-3 масни киселини, а тие имаат улога во функционирањето и изгледот на кожата и може да влијаат на смирување на воспалителната реакција. Есенцијалните масни киселини, церамидите и останатите липиди ја формираат липидната бариера на кожата која се зајакнува со зголемен внес омега-3 масни киселини.

Како храната влијае на кожата? Проверете што да јадете за убава кожа

2. Храна богата со бета-каротин

Слаткиот компир и морковите се одличен извор на бета-каротин, кој е антиоксидант и ја штити кожата од сонце. Не го заменува местото на кремот за сончање, но превенира од изгореници и сува кожа.

Во телото, бета-каротинот се трансформира во витамин А, моќен антиоксидант кој ги штити клетките од УВ зрачење, прерано стареење, го подобрува растот на клетките и стимулира продукција на колаген.

Како храната влијае на кожата? Проверете што да јадете за убава кожа

3. Ореви и семиња

Не само што се одличен извор на протеини и влакна, тие исто така изобилуваат со незаситени масти, витамин Е, цинк и селен кои ја зајакнуваат кожата. Семките од тиква или сончоглед може да ги комбинирате со салата, а оревите со пудинг од чиа семе.

4. Цитрусно овошје

Витаминот Ц го има во изобилство во цитрусното овошје, а токму тој е есенцијален за продукција на колагенот кој стимулира замена и обновување на клетките на кожата.

Како храната влијае на кожата? Проверете што да јадете за убава кожа

5. Авокадо

Богато е со масти и витамин Е, а тие ја штитат кожата од оксидативен стрес кој предизвикува брчки и прерано стареење на кожата.

Како храната влијае на кожата? Проверете што да јадете за убава кожа

6. Брокула

Покрај изобилството на цинк, витамин А и витамин Ц, таа е богата и со лутеин кој ја одржува кожата хидрирана.

Како храната влијае на кожата? Проверете што да јадете за убава кожа

7. Краставица

Водата ја хидрира кожата, ја подобрува еластичноста и помага во отстранување на токсините, а краставицата содржи 96% вода.

Како храната влијае на кожата? Проверете што да јадете за убава кожа

8. Зелен чај

Зелениот чај содржи компоненти познати како катехини кои штитат од изгореници од сонце и го намалуваат црвенилото на кожата. Исто така ја подобруваат еластичноста на кожата.

Како храната влијае на кожата? Проверете што да јадете за убава кожа

Автор: Катерина Каланоска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар