Како гледаат момците на заедничкиот живот со нивната девојка?

Како гледаат момците на заедничкиот живот со нивната девојка?

Забавувањето со вашето момче или девојка и заедничките излегувања се одлични. Постојано сте некаде сами или со заедничките пријатели, одите на кино, театар, во ресторани, во дискотеки… Совршено се согласувате и љубовта ви цвета. Но, што се случува по одлуката да почнете да живеете заедно? Како заедничкиот живот и делењето на заедничкиот простор може да влијае на вашата врска. Еве неколку забавни интимни размислувања на момци кои живеат заедно со своите девојки.

(1) Како гледаат момците на заедничкиот живот со нивната девојка?

„Имав среќа да живеам со цимери кои секогаш имаа поразличен распоред од мојот. Кога почнав да живеам со мојата девојка, за прв пат се соочив со моментот дека треба да ја делам бањата со некој кој оди на работа, во истото време кога одам и јас. Тоа навистина беше хаотично. Бев навикнат да се разбудам, да си посветам неколку минути себеси, а потоа да влезам под туш. Но, сега имаме специфични распореди во кои нема место за грешка. Имав потреба од неколку тешки седмици за да се навикнам на новата ситуација.“ – Џордан, 28 години

„Мојата девојка еднаш се расплака затоа што сметав дека не треба да го местам креветот секој ден. Никогаш не си го местев креветот, а не знаев дека другите тоа го прават секое утро.“ – Алекс, 29 години

„Големо изненадување ми беше кога дознав дека ниту едно парче од мојот мебел не е доволно добро. Мојот кауч, мојот кревет, сè што имав врамено и ставено на ѕидовите. Ништо од тоа не претставуваше проблем во мојот стан, но одеднаш сето тоа мораше да биде фрлено или да го тргнам во подрум. Исто така, ме изненади и тоа што работите од факултетските денови не беа доволно добри да ги задржам.“ – Мајк, 26 години

„Искрено ме изненади колку е тоа лесно. Сите веруваат дека момците и девојките се различни, но и двајцата сме многу релаксирани и не бараме многу еден од друг. Немаме никакви проблеми или стереотипи.“ – Ерик, 26 години

„Не можев да си поверувам дека креветот не е толку голем колку што си мислев.“ – Ентони, 24 години

„Не им се допаѓа кога играш видео игри 5 часа без прекин.“ – Шејн, 27 години

„Се навикнав на тоа едноставно таа да се појави подготвена и прекрасна, а сега гледам дека тоа е еден долготраен, макотрпен и неколкучасовен процес. Можеш да ѕирнеш зад завесата. И натаму доцни, но сега знам зошто. И, барем, кога ќе почнете да живеете заедно, ја чекаш дома, па можеш да играш видео игра за тоа време.“ – Кајл, 25 години

„Не знам за другите, но мене ме зачуди фактот колку многу работи имаат девојките. Мислев дека нашата бања има доволно фиоки и полици за сите нејзини ситници, но некако и местата што не се предвидени за чување работи се веќе пренатрупани, а фиоките не можат да се затворат.“ – Џастин, 26 години

„Научив дека девојките некогаш сметаат дека едно пакување чипс може да биде и целосна вечера.“ – Мет, 30 години

„Мислев дека мојата девојка се грижи за чистотата во станот. Но, се покажа дека таа знае супер трикови да ги среди работите пред некој да дојде кај неа. Набрзо сфатив дека јас сум оној уредниот во врската. Навистина е смешно, но јас сум тој што оди по неа и ги раскрева работите кои таа ги остава зад себе. Кога живеев со цимери, јас бев неуредниот, па сега замислете си вие каква е таа.“ – Брајан, 24


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар